10.07.2012, 22:55 Шкендија испадна со гол од центар!
Тетовци поразени со 2:1 од Портдаун во квалификациите за Лига Европа
Шкендија е запрена уште на првата пречка во Лига Европа по претрпениот пораз од 2:1 во реваншот со претставникот на Северна Ирска, Портдаун. Натпреварот без голови пред една недела во Куманово и поразот со пресврт на „Шамрок парк“ го исфрлија македонскиот претставник во првото квалификациско коло од ова натпреварување. И покрај поволната ждрепка во Нион, тетовци ја збогатија клупската историја на тимот што цели 38 години немаше победа во европските купови. Последен пат Портдаун триумфира во 1974 година, кога беше подобар од исландски Валур.
Првакот на Македонија од минатата година поведе уште во 4. минута со погодокот на Адријан Цицули, израмни Ричард Лекин во 58. мин., а Рос Редман им донесе голема радост на домашните навивачи со ретко виден гол во 80. мин. од слободен удар. Одбранбениот фудбалер на Портдаун го изведе ударот од половина терен и успеа да го совлада Хадис Вели!
Со поразот во Северна Ирска пропадна можноста за двомеч со хрватски Славен Белупо. Портдаун - Шкендија 2:1
Полувреме: 0:1. Стадион: „Шамрок парк“. Главен судија: Михаел Јоханесен од Норвешка. Стрелци: Лекин во 58 мин. и Редман во 80 мин. за Портдаун, Цуцули во 4 мин. за Шкендија. Жолти картони: Лекин од Портдаун, Цуцули и Мишковски од Шкендија.
Портдаун: Мискели, Мекли (Охара од 80 мин.), Редман, Брин, Мари, Браниф, Мекнил, Кејсмент, Лекин, Гартланд, Мекферти.
Шкендија: Вели, Мустафа, Незири, Цуцули, Ејупи (Емини од 61 мин.), Селмани, Мишковски, Демири, Таипи, Бериша (Хасан од 84 мин.), Алиу (Реџепи од 80 мин.). (Љ.В.)
|