11.07.2012, 14:31 Кувајќанец го купи Нотингем Форест
Кувајтскиот бизнисмен, Фавас Ал-Хасави, на интернет страницата на Нотингам се пофали дека преземањето на клубот и официјално е комплетирано
Нотингем Форест е најновиот англиски фудбалски клуб кој доби богат сопственик од блискиот исток. Кувајтскиот бизнисмен, Фавас Ал-Хасави, на интернет страницата на Нотингам се пофали дека преземањето на клубот и официјално е комплетирано.
Ал-Хасави доаѓа од богато семејство од Кувајт, а на почетокот на оваа година дал оставка на позицијата претседател на Кадсија, во кувајтското првенство. Тој не криел дека сакал да купи второразреден клуб од Англија. Нотингем Форест, минатата сезона, успеа да избори опстанок во Чемпионшип дивизијата, откако во февруари ненадејно почина неговиот сопственик, Најџел Даути.
Нотингам е една од осумте екипи што успеале да ја одбранат европската круна и единствената што повеќе пати била европски, отколку национален шампион. Откако ја освои англиската титула во 1978 година, стана европски првак во 1979 и 1980. Во Премиер-лигата, последно играше во сезоната 1998/99.
|