Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
12.07.2012, 11:28
Металург пред успех за клупската историја



Во првиот натпревар „железарци“ не успеаја да остварат резултат со кој ќе си обезбедат мирен реванш, иако и постигнатите 2:2 се повеќе од надежни за тимот на Ѓорѓи Христов

Фудбалерите на Металург денеска на стадионот на Башкими во Куманово, со почеток во 17 часот, ќе имаат можност да го оправдаат епитетот фаворит против претставникот на Малта, Биркиркара, истовремено и да го заверат пласманот во второто коло од квалификациите за Лига Европа. По елиминацијата на Шкендија, тимот од Автокоманда заедно со Ренова се единствените претставници на Македонија во ова европско натпреварување.

Во првиот натпревар „железарци“ не успеаја да остварат резултат со кој ќе си обезбедат мирен реванш, иако и постигнатите 2:2 се повеќе од надежни за тимот на Ѓорѓи Христов. До последните три минути од мечот на Малта тие имаа и победа в џеб, пред да погоди Триганца.

Тимот од Автокоманда ќе биде посилен за Агрон Мемеди, кој поради црвен картон го пропушти првиот натпревар, но надвор од игра поради повреди ќе бидат Драган Начевски и Владимир Никитовиќ. Првиот ќе отсуствува поради повреда на коленото, а вториот се пожали на болка во тетивата.

Со победа на Металург или со нерешено 0:0 или 1:1, македонскиот тим во второто коло ќе ги одмери силите со полскиот претставник Рух Хоржов. (Љ.В.)



Статијата е прочитана 200 пати.

Испрати коментар



Металург без победа до 2. квалификациско коло
Зголемен наградниот фонд на Ју-Ес опен
Канчелара се повлече од Тур де Франс
Рашар Луис во Мајами, Грифин останува во Клиперси
На скијачката Захробска и е отстранет тумор на хипофизата
ФИФА призна корупција, Авеланж и Тешеира примале поткуп
Втора победа за македонските кошаркарки на ЕП за мали земји
Ренова по формална промоција во Сан Марино
Селими претпоследна на СП за јуниори
Баерн ги продаде сите сезонски влезници
Лазовски - Кошот во Каракас виновен за неефикасноста
Кувајќанец го купи Нотингем Форест
Марадона доби отказ во Емиратите
Трка во Сингапур уште пет години
Шкендија испадна со гол од центар!
Олимпиското злато следна цел на Федерер
Првенец за Тричковски во вториот меч за Бриж
Маркус Кемби се врати во Њујорк
Манчини го продолжи договорот со Сити
МЗТ Скопје ќе дебитира во АБА лигата против Цибона
„Гаспром“ го носи Брест во СЕХА-лига
Вебер ќе вози за Ред бул и в година
Фенербахче Улкер загриза за Мекејлеб

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


><
Време
Скопје, 23°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 17°C

Сабота
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 21°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Сузан Сарандон: Се уште сум хипи-девојка
Моите синови десет години не ги гледаат моите филмови и немаат интерес за тоа, ни изјави холивудската актерка во Карлови Вари
(ФОТО) Го истетовираа Тодор Александров
На околната ограда со црн спреј е напишано „Грујо носи си го“, а петметарската бронзена скулптура е испрскана со бела бо...
(ФОТО) Награден стрипот „Волшебното катче на Цане“ на Тхе Мичо
Еден од најдобрите македонски стрип цртачи, беше награден со специјалната награда во чест на Миодраг Величковиќ – Мивел,...
(ФОТО) Кавадарчанец освои бронза на натпрев��р за генијалци
Ѓорѓи Шемов се натпреваруваше со научен труд од областа на заштитата на животната средина...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |