Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
12.07.2012, 18:01

Канчелара се повлече од Тур де Франс

Швајцарскиот велосипедист отпатува кај сопругата во Берн, која деновиве треба да се породи втор пат

Швајцарецот Фабијан Канчелара (31) се откажа од натамошен настап во годинашното издание на Тур де Франс. Тој не се појави на стартот во вчерашната 11. етапа што се возеше во Алпите, од Албервил до врвот на нагорнината на Ла Тусие. Во образложението на ваквата одлука на четирикратниот светски шампион во трките на хронометар и актуелен олимписки првак во таа дисциплина се наведува семејни причини.

„Јас не сум само велосипедист, туку и сопруг и татко кој очекува раѓање на уште едно бебе. Моја лична желба е да бидам крај сопругата Стефани при доаѓањето на свет на нашето второ дете. Тој „трофеј“ е многу поважен од уште една етапна победа на Тур де Франс или од олимписки медал. Уште отсега мора да се заблагодарам на сопругата за трпението што го покажа за време на последниот месец од нејзината бременост и најмалку што можам да сторам е да и' помогнам во овие денови“, објави Канчелара.

Канчелара веднаш отпатува кај сопругата во Берн и во натпреварите треба да се врати на олимписките игри во Лондон каде што ќе настапи во улична трка на 28 јули и во хронометар на 1 август.

„Сите тимски колеги и шефови ја разбираат мојата одлука и се согласуваат со неа“, дополни Канчелара.

Французинот Томас Феклер победи во 10. етапа на велосипедската трка Тур де Франс што се возеше од Макон до Белегард-сур-Валсери во должина од 194 километри. Во целта тој забележа време од 4:46:26 часа што беше за три секунди подобро од Италијанецот Микеле Скарпони на второто место и Германецот Јенс Фогт (+7 сек.) на третата позиција. Бредли Вигинс ја заврши етапата како 13., но и таквиот пласман беше доволен да остане водечки во генералниот пласман.

Резултати од 10. етапа: Томас Феклер (Франција) 4:46:26 часа; Микеле Скарпони (Италија) +3 сек.; Јенс Фогт (Германија) +7 сек.; Луис Леон Санчез (Шпанија) +23 сек.; Дрис Девенинс (Белгија) +30 сек.; итн.

Генерален пласман: Бредли Вигинс (В. Британија) 43:59:02 часа; Кејдел Еванс (Австралија) +1:53 мин.; Кристофер Фрум (В. Британија) +2:07 мин.; Винченцо Нибали (Италија) +2:23 мин.; Денис Менчов (Русија) +3:02 мин.; итн.


Статијата е прочитана 389 пати.

Испрати коментар



(ВИДЕО) Дрогба дочекан во Кина како херој
Кинеското чудо Лин се договори со Хјустон
Ракометарките стартуваат на ЕП против Франција
Македонските надежи поразени и од Полска
Гол на Георгиевски за Интер Баку
Триумф на Ролан во 11. етапа
Бекам не сака да го запали олимпискиот пламен
Осуммина убиени во прослава на титулата на Палмеирас
Катастрофален старт на јуниорите
Кошаркарките во полуфиналето против Шкотска
Ренова повторно убед��ива против Либертас
Металург без победа до 2. квалификациско коло
Зголемен наградниот фонд на Ју-Ес опен
Рашар Луис во Мајами, Грифин останува во Клиперси
На скијачката Захробска и е отстранет тумор на хипофизата
ФИФА призна корупција, Авеланж и Тешеира примале поткуп
Втора победа за македонските кошаркарки на ЕП за мали земји
Ренова по формална промоција во Сан Марино
Металург пред успех за клупската историја
Селими претпоследна на СП за јуниори
Баерн ги продаде сите сезонски влезници
Лазовски - Кошот во Каракас виновен за неефикасноста
Кувајќанец го купи Нотингем Форест
Марадона доби отказ во Емиратите
Трка во Сингапур уште пет години
Шкендија испадна со гол од центар!
Олимпиското злато следна цел на Федерер
Првенец за Тричковски во вториот меч за Бриж
Маркус Кемби се врати во Њујорк
Манчини го продолжи договорот со Сити
МЗТ Скопје ќе дебитира во АБА лигата против Цибона
„Гаспром“ го носи Брест во СЕХА-лига
Вебер ќе вози за Ред бул и в година
Фенербахче Улкер загриза за Мекејлеб

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Ведро

Недела
Сончево
Макс: 41°C, Мин: 18°C

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Повеќе интервенции во Скопје по силното невреме
Противпожарната единица во текот на ноќта интервенирала на 28 места...
(ИНТЕРВЈУ) Сузан Сарандон: Се уште сум хипи-девојка
Моите синови десет години не ги гледаат моите филмови и немаат интерес за тоа, ни изјави холивудската актерка во Карлови...
(ФОТО) МПМ добитник на награда за филантропија
Во име на вработените на Медиа Принт Македонија наградата ја прими Виктор Доневски, извршен директор во компанијата...
(ФОТО) Го истетовираа Тодор Александров
На околната ограда со црн спреј е напишано „Грујо носи си го“, а петметарската бронзена скулптура е испрскана со бела бо...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |