13.07.2012, 17:46 Триумф на Ролан во 11. етапа
Французинот Пјер Ролан прв ја помина целта во 11. етапа од престижната велосипедска трка Тур де Франс, која се возеше од Албервил до Ли Сибел, во должина од 148 километри. Веднаш зад него, со 55 секунди заостанување, финишира неговиот сонародник Тибо Пино, а Британецот Кристофер Фром со освоеното трето место успеа да ја преземе втората позиција во генералниот пласман од Австралиецот Кадел Еванс.
Бредли Вигинс останува на чело во вкупниот поредок со предност од 2:05 минути во однос на неговиот најголем конкурент Фром. Третото место засега го држи Италијанецот Виченцо Нибали, кој заостанува 2:23 мин. во однос на Вигинс.
Резултати од 11. етапа: Пјер Ролан (Франција) 4,43:54 ч., Тибо Пино (Франција) +55 сек., Крис Фром (В. Британија) +55 сек., Јирген ван ден Брук (Белгија) +57 сек., Виченцо Нибали (Италија) +57 сек., Бредли Вигинс (В. Британија) +57 сек. итн.
Генерален пласман: Бредли Вигинс (В. Британија) 48,43:53 часа, Крис Фром (В. Британија) +2,05 мин., Виченцо Нибали (Италија) +2,23 мин., Кадел Еванс (Австралија) +3,19 мин., Јирген ван ден Брук (Белгија) +4,48 мин., Хаимар Зубелдија (Шпанија) +6,15 мин. итн. |