13.07.2012, 15:18 Бекам не сака да го запали олимпискиот пламен
„Не сум јас човекот што треба да го запали огнот“, изјави Бекам, оценувајќи дека тоа треба да биде некој од поранешните британски олимпијци, кои освоиле златни медали
Англиската фудбалска икона Дејвид Бакам сам се елиминира од можноста да го запали олимпискиот пламен на главниот стадион во Лондон на церемонијалот на свеченото отворање на Олимписките игри на 27 јули.
„Не сум јас човекот што треба да го запали огнот“, изјави Бекам, оценувајќи дека тоа треба да биде некој од поранешните британски олимпијци, кои освоиле златни медали.
Бекам изјави дека е разочаран што не се најде во олимписката фудбалска репрезентација на Велика Британија за Игрите, иако тоа го очекуваше британската фудбалска и спортска јавност. Неговиот настап на олимпискиот турнир ќе беше заокружување на долгата и богата фудбалска кариера и своевидна награда за неговиот голем придонес при изборот на Лондон за домаќин на годинашнава Олимпијада.
Официјалното објаснување на Стручниот штаб на репрезентацијата е дека Бекам не е во составот „само од фудбалски причини“. Предност при изборот добија други тројца постари фудбалери што играат во Премиер-лигата, затоа што олимписката репрезентација ја сочинуваат само млади играчи плус најмногу тројца над 23 години.
|