14.07.2012, 15:26 Македонските надежи поразени и од Полска
Македонската кошаркарска репрезентација попладнево е поразена од Полска со 83:49 на Европскиот шампионат Б дивизија за играчи до 20 години, кој се одржува во Софија
По четвртини резултатот беше 21:4; 17:19; 27:14 и 18:12.
Уште по првата четвртина во која избраниците на селекторот Александар Петровиќ постигнаа само 4, а примија дури 21 поен, беше евидентно дека Македонија ќе го забележи и вториот пораз на ова првенство.
Единствена светла точка во нашата репрезентација беше Горјан Марковски кој постигна речиси половина од поените на „црвено-жолтите“ односно средбата ја заврши со учинок од 22 поени и 11 скокови.
Денешната двојка за вториот натпревар од „Б“ групата е Белгија - Луксембург. Слободна во ова коло е Холандија.
Во останатите три групи двојки за 3.коло се:
„А“ група: Австрија – Израел 39:75 и Бугарија - Словачка. „Ц“ група: Португалија - Хрватска, Велика Британија - Данска, слободна е Белорусија. „Д“ група: Чешка - Унгарија и Швајцарија - Финска.
Пласман во втората рунда ќе обезбедат двете првопласирани селекции од секоја група.
|