11.07.2012, 17:19 Баерн ги продаде сите сезонски влезници
На повеќе од еден месец до почетокот на Бундес-лигата, раководството на Баерн Минхен соопшти дека се распродадени сите сезонски влезници за сите 17 домашни натпревари од претстојната сезона. „Им благодариме на навивачите за интересот за нашите натпревари. Ова е уште еден показател колку Баерн е интересен како клуб и какви навивачи има“, изјави претседателот на баварскиот гигант, Карл Хајнц Румениге. И по распродавањето на влезниците навивачите се' уште бараат. Баерн не освои ниту една титула во последните две сезони, „Алијанц арена“ ќе биде полна до последното 69.000. место. Новата бундеслигашка кампања почнува на 24 август.
|