Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
11.07.2012, 17:45

НАЈНОВИ СТАТИСТИЧКИ ПОКАЗАТЕЛИ - Сиромаштијата и невработеноста рака под рака

Статистиката објави дека сиромаштијата во земјава лани изнесувала 30,4 отсто

Нина Нинеска-Фиданоска



Сиромаштијата силно притиска врз македонската популација, и како што сега стојат работите, изгледа нема намера да попушти.

Дури 30,4 проценти од населението во земјава живее во сиромаштија, или практично секој трети Македонец навистина тешко преживува, покажаа вчера објавените податоци на Државниот завод за статистика, кои се однесуваат за минатата година.

Експертите со кои вчера контактиравме не се воопшто воодушевени од фактот што показателот за сиромаштија покажал минорно намалување од 0,5 процентни поени, во споредба со 30,9 отсто колку што изнесувал во 2010 година. Напротив, тие потенцираат дека податокот е алармантен, и што е уште позагрижувачки, не гледаат надеж дека во иднина ќе се намали овој голем процент на сиромаштија. Дури, за оваа година очекуваат пораст на бројот на сиромашни, со оглед на тешката економска ситуација со која се соочува земјава.

Истражувањата на статистичарите покажале и дека најранливи се повеќечлените семејства, имајќи го предвид фактот дека 48,5 проценти од сиромашните живеат во домаќинства со пет и повеќе членови.

Стапката на сиромаштија кај невработените е 40,7 проценти, односно 46 отсто од сите сиромашни се невработени лица.

Од Статистика информираат и дека на бројот на сиромашни влијае и образованието на главата на домаќинството, односно 54,6 проценти од сиромашните лица живеат во домаќинства во кои носителот на домаќинството нема или има завршено најмногу основно образование.

Постојат и други загрижувачки трендови доколку малку подетално се разгледа соопштението од статистика. Тоа, на пример, покажува и дека има голем пораст на сиромаштијата кај бра��ните парови со деца, каде што од 28,9 отсто во 2010, процентот пораснал на 35,1 отсто. Или, кај младите луѓе, односно граѓаните до 39 години, ако во 2010 процентот на сиромашни бил 32,1 отсто, лани тој пораснал на 40,9 отсто.

Инаку, на веб-страницата на Државниот завод за статистика стои дека таа како појдовна дефиниција за сиромаштијата ја користи онаа на Еуростат, а која гласи дека „како сиромашни се сметаат лица, семејства и групи на лица чии ресурси (материјални, културни и социјални) се на такво ниво кое ги исклучува од минимално прифатливиот начин на живеење во земјата во која живеат“.

Шенај Хаџимустафа, универзитетска професорка, вели дека и покрај малото намалување, ситуацијата со сиромаштијата загрижува, бидејќи нема подобрување кај ранливите категории, како што се семејствата со повеќе членови, со понизок степен на образование, и невработените. „Исто така, сега поголем дел од испитаниците кажуваат дека нивната состојба станува полоша. Покрај тоа, најголем пораст има кај домаќинствата кои велат дека минимум средства што им се потребни за нормален живот месечно се 30.000 денари“, објаснува Хаџимустафа, додавајќи дека земјава има одлична стратегија за борба со сиромаштијата, но изгледа дека недостига работа на дело од страна на институциите за спроведување на таа стратегија.

Ваквите високи проценти на сиромаштија, според неа, ќе почнат да се намалуваат само доколку се ублажи стапката на невработеноста, бидејќи таа всушност има најголемо влијание врз сиромаштијата, покрај образованието и социјалната политика.

„Јас не гледам дека се преземаат квалитетни мерки за да се намали сиромаштијата. Треба да се дејствува на повеќе полиња за да се подобри бизнис-климата, што би ја зголемило вработеноста и тоа би влијаело на намалување на сиромаштијата. Но, ако се погледне буџетот, на пример, и како државата ги троши парите, нема премногу надеж дека ситуацијата ќе се смени на подобро, иако се трошат многу средства за социјални трансфери, но тоа очигледно не се квалитативни подобрувања“, смета Хаџимустафа. За годинава, со оглед на намалувањето на стопанската активност, професорката очекува дека ќе дојде до зголемување на процентот на сиромаштија.

Ванчо Узунов, универзитетски професор, смета дека благото намалување на процентот е очигледно последица на грешка во мерењата, но како многу побитен го смета проблемот што во земјава навистина се живее сиромашно.

„Не мора некој да мери за ние да знаеме дека има голема сиромаштија, тоа е премногу очигледно“, потенцира Узунов.

За категоријата сиромашни лица овој експерт смета дека Владата не се грижи вистински, односно преку реални политики и долгорочни мерки да им помогне да им се подобри ситуацијата, туку повеќе на нив мисли пред избори, залажувајќи ги со популистички мерки. На пример, бесплатното одење во театар, професорот го коментира кусо „Уште театар им недостига на тие луѓе“.

Узунов сака да ја разбие и теоријата дека доколку дојдат многу странски инвестиции во земјава, ќе се намали невработеноста, а со тоа и сиромаштијата. „Странските инвестиции не се решение за сиромаштијата. Дури и да дојдат, странските компании не вработуваат сиромашни неквалификувани или полуквалификувани работници, тие не се социјална работа, туку вработуваат квалификувани кадри, и ако треба ќе ги платат поскапо“, вели професорот Узунов. Тој резимира дека е неопходен цел сет економски мерки доколку државата сака позначајно да го намали процентот на луѓе што живеат во сиромаштија.

Инаку, само за потсетување, во 2007 година во земјава имало 29,4 отсто сиромашни граѓани, а во 2008 процентот бил 28,8. Во 2009 тој се искачил на 31,1 отсто, а во 2010 30,9 отсто од граѓаните живееле во сиромаштија.

Практично, Македонија во целиот период наназад никако не успева да се ослободи од најгорливиот проблем - сиромаштијата, а на граѓаните кои тоа најдобро го чувствуваат на своја кожа, не им е битно дали процентот е 30, 28 или 32 отсто, туку едноставно ги интересира - кога ќе почнат да живеат поубаво. (Н.Н.Ф.)


Статијата е прочитана 1819 пати.

Испрати коментар



„Винер“ ја оправда инвестицијата
Дигитална агенда
Исплатени субвенции од 2,5 милиони евра
Евтините кредити ќе се потрошат за два месеца
Пешевски
Засилување на бизнис-врските со Индија



Itar Pejo, 12.07.2012 00:21:00
Statijata ce bese mnogu pojasna ako avtorot ni objasnese koj e kriteriumot za nekoj da se smeta za siromasen. Kolku jas sto znam se raboti za relativni kriteriumi. A toa znaci deka ako realnite prihodi na site makedonci se dupliraat, procentot na siromasni ce ostane ist.
пензионер, 12.07.2012 07:23:38
Сиромаштијата е последица на големата невработеност, а таа пак е последица од катастрофалната транзиција. Во Македонија и Романија се спроведеа најлошите приватизации од сите земји во транзиција.
Istocna Makedonija, 12.07.2012 08:10:54
Ako kon frapantniot broj na siromasni vo ovaa zem ja na napateni i degradirani gragani se dodadat i onie,koi uspeat kako taka da platat komunalii i astro nomski davacki,a ne im ostane,vo prosek nitu za eden leb dnevno,togas brojkata na siromasni e da leku poalarmantna.I za smetska na onie 30 posto, plus ovie uste najmalku tolku,ostanuvaat ,,sredni,,10 i onie,,elitizirani,,sloevi od 10 nasto,[to co cicaat i iscicaa narodot.
jovan, 12.07.2012 09:04:31
Siromastijata e mnogu pogolema od prikazanoto. Ovoj narod, isto taka, vo mentalitetot mu e da se srami od siromastija, pa imame ogromen procent na gragani koj ne sakaat da priznaat deka doma edvaj prezivuvaat. Gordosta na ovoj narod ne dozvoluva da priznae deka e siromasen. Ke glumime uste malku, potoa ke se otvorime site i ke si priznaeme deka veke ne sme sposobni da plakame smetki (doprva ide zima), se potesko i za hrana se naoga, za ostanatite luksuzi veke poodamna nema. Nekoja zasteda na strana da se stavi, veke nemoze nikoj. Moze da se kaze deka edvaj 10setina procenti od naselenieto e nekoja sredina koja se uste moze*normalno* da zivee/prezivee so primanja od ovde. Golem procent na naselenie isto taka e izbegano nadvor, pa od tamu prakaat za da ovde nivnite familii preziveat. Onie 2% koj go opljackaa i se uste pljackaat narodot, i ponatamu ke si uzivaat.
od prilepcanec, 12.07.2012 09:08:46
seto ovae vistina za toj so nema aj prasjtegi ovie od familijava vmrovska cevi kazad deka ovie podatoci seod vremeto na sdsm bidejci sega koga vladeat tie tece med i mleko niz nasava napatena makedonija
Sram, jad i beda, 12.07.2012 13:07:37
I vo ovakva siromashtija i bezparica, kade rabotnicite koi gi pechalat parite, a pri toa ne zemaat ni garantirana plata od 8.050 denari, obichni policajci (mladi i ne istrosheni) zaminuvaat vo penzija so 500 evra mesechna penzija. Za onie *zasluzni gradjani* i da ne zborime. Do koga be brat ovaka? I kakva e taa teorija da vladata ne odgovara za rabotnicite od realniot sektor, nego samo za administrativcite. Pa zatoa se takva jada i beda, bidejki se prepushteni na milost i ne milost na gazdite, koi derat li ta derat. A oni siromashki pak glasat kako shto glasat. Pomogni im Boze!
Goce USA, 12.07.2012 13:25:27
A be kaj se sega site onie megafoni na vlasta kako Feliks i kompanija da ni objasnat kako Branko i kompanija se krivi? Daj javete se napisete nesto da go odbranite Firerot. Inaku branot ke ve odnese!
Komentator, 12.07.2012 16:59:06
Ajde sega jas, kako samopovikan megafon na vlasta ke vi objasnam. Ako gi gledate trendovite od pochetokot na svetskata ekonomska kriza vo 2008 na zgolemuvanjeto na siromashtijata vo site, SITE, sosedni zemji, ako gi gledate trenadovite na zgolemuvanjeto na siromashtijata vo site, SITE, razvieni zemji, vkluchuvajki gi tuka i USA, EU, UK itd, togash ke razberete kako i samoto drzhenje na nevrabotenosta vo isti ramki e OGROMEN uspeh vo takov svetski kontekst. Da ni beshe sega BC koj ja zakopa MK koga site okolu nas cutea, ke ne nemashe site. Pozdrav. Se izmegafonirav za denes. Koj razbira razbira, koj ne zdravje.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска



Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 17°C

Сабота
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 21°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Сузан Сарандон: Се уште сум хипи-девојка
Моите синови десет години не ги гледаат моите филмови и немаат интерес за тоа, ни изјави холивудската актерка во Карлови Вари
(ФОТО) Го истетовираа Тодор Александров
На околната ограда со црн спреј е напишано „Грујо носи си го“, а петметарската бронзена скулптура е испрскана со бела бо...
(ФОТО) Награден стрипот „Волшебното катче на Цане“ на Тхе Мичо
Еден од најдобрите македонски стрип цртачи, беше награден со специјалната награда во чест на Миодраг Величковиќ – Мивел,...
(ФОТО) Кавадарчанец освои бронза на натпревар за генијалци
Ѓорѓи Шемов се натпреваруваше со научен труд од областа на заштитата на животната средина...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |