12.07.2012, 15:41 (ФОТО) Го истетовираа Тодор Александров
ФОТО: Киро Попов
На околната ограда со црн спреј е напишано „Грујо носи си го“, а петметарската бронзена скулптура е испрскана со бела боја.
Само две недели откако на местото Чешма во Кисела Вода беше подигнат споменикот на Тодор Александров, на контроверзното спомен-обележје „Македонски војвода на коњ“ може да се забележат првите „тетоважи“, а до него и графит. На околната ограда со црн спреј е напишано „Грујо носи си го“, а петметарската бронзена скулптура е испрскана со бела боја.
Со самото поставување на споменикот во јавноста експресно се отворија едно чудо дискусии со историска, политичка, архитектонска и естетска димензија, од жителите на Кисела Вода пристигнаа многубројни реакции и поделени мислења, а флаери со наслов „Тодор Александров - Од крвник до револуционер“ се прошетаа низ секој општински агол, дуќан, ѕид и влез. (Б.Ш.)
|