11.07.2012, 14:07 Затвореник им побегна на стражарите пред судот во Куманово
Околу 9 часот и 30 минути утринава пред Основен суд-Куманово на униформираната стражарска служба од Затвор Скопје им избегал затвореникот Х.И.(18) од село Орланце.
Кога стражарската служба го отворила службеното комби за спровод на лица со цел Х.И. да го внесе во Основниот суд-Куманово каде што му се суди за кривично дело „разбојништво“, тој ги турнал стражарите и со лисици на рацете побегнал, по што тие веднаш потрчале по него и испукале еден куршум во воздух, но Х.И успеал да им избега.
Од МВР информираат дека Х.И е познат извршител на повеќе разбојништва и тешки кражби на подрачјето на Скопје, а СВР-Куманово му има поднесено кривични пријави за сторени две разбојништва на подрачјето на Куманово.
|