11.07.2012, 09:10 Пад на ценaта на нафтата на светските берзи
Цената на нафтата на њујоршката берза се намали за 2,08 долари, односно за 2,4 проценти по барел.
Вредноста на суровата нафта на берзата во Њујорк вчера достигна 83,91 долар за барел, додека европската „брент“ нафта на берзата во Лондон се продаваше за 97,97 долари за барел, што е пад од 2,35 долари.
Истовремено, со падот на цените е зголемен и увозот на нафта во Кина, која е втор најголем увозник на нафта во светот, веднаш по САД. Увозот на нафта во Кина во јуни е зголемен за шест проценти.
Сепак, тоа е помалку од очекуваното, а последица за тоа е намалената економска активност на Кина. Доколку ваквиот тренд продолжи, може да се очекува дополнително намалување на цените. |