11.07.2012, 13:24 За инцест - седум години затвор
Тетово - Основниот суд во Тетово му исрече седумгодишна затворска казна на 22-годишниот Х.Р. за кривично дело родосквернавење. Истовремено, со првостепената пресуда му се продолжува притворот до правосилноста на пресудата.
Осудениот цела една година во повеќе наврати вршел обљуба на својата малолетна сестра. За време на судскиот претрес е утврдено дека инцестот го вршел во континуитет и во време кога биле отсутни другите членови на семејството. (Г.Е.)
|