10.07.2012, 16:49 Минималец за земјоделците од 8.080 денари
Минималната плата во земјоделството ќе изнесува 8.080 денари, а во прехранбената индустрија 9.100 денари. Овие две најниски плати се однесуваат за сезонските работници, а на другите вработени во овие сектори ќе им биде утврдена платата врз основа на коефициентот и сложеноста на работата. Спогодбата за утврдување на најниска плата во овие области ја потпишаа АГРО Синдикатот и здруженијата за земјоделство и на работодавачи за прехранбена индустрија.
Со утврдувањето на минималната плата во земјоделството се врши зголемување од осум проценти на најниската плата што ја зеле вработените од овој сектор во 2011 година. Тогаш, најниската плата во земјоделството била 7.350 денари, а во прехранбената индустрија 8.600 денари.
Според претседателот на Здружението на работодавачи од прехранбената индустрија Влатко Ѓорѓиевски, со утврдувањето на минималната плата ќе бидат опфатени околу 400.000 лица кои егзистираат од земјоделството.
Спогодбата е потпишана во рамки на колективниот договор и со неа се врши усогласување со Законот за минимална плата. (Ек.Р.) |