12.07.2012, 11:49 Кејти Холмс се врати под закрила на католичката црква
Кејти пред пет години почнала да ги проучува учењата на скиентолошката црква под влијание на Том Круз, иако е воспитувана во традиционално католичко семејство
Кејти Холмс се вратила под закрилата католичката црква и така ја раскинала секоја врска со бившиот сопруг Том Круз.
Кејти пред пет години почнала да ги проучува учењата на скиентолошката црква под влијание на Том Круз, иако е воспитувана во традиционално католичко семејство.
Меѓутоа, веднаш откако е финализирана бракоразводната спогодба, актерката и се вратила на својата вера и се регистрирала како член на црквата Св. Франсис Ксавиер во Њујорк. Еден од членовите на црковниот хор изјавил дека сите се воодушевени што Кејти му се вратила на католицизмот, но актерката се уште не доаѓала на миси.
|