11.07.2012, 10:10 Паразит именуван по Боб Марли
По Марли е наречен еден паразит во вид на рак, кој ги напаѓа рибите
Бесмртниот крал на регето Боб Марли се присоедини кон Барак Обама и Елвис Пресли во елитниот клуб на познатите, во чест на кои се наречени биолошки видови.
По Марли е наречен еден паразит во вид на рак, кој ги напаѓа рибите, а кој ги населува карипските корални гребени. Паразитот, што се храни со крвта од рибите, веќе е познат како Gnathia marleyi.
- Му го дадов името на Марли на тој вид, кој е вистинско чудо на природата, поради почитта и восхиитувањето кон музиката на Боб Марли, изјави Пол Сикал, морски биолог на Универзитетот на државата Арканзас.
- Освен тоа, тој вид е уникатно карипски - исто како Марли, додаде тој.
Претходно лишај беше именуван по американскиот претседател Обама, а оса со името Елвис.
Боб Марли по долго боледување почина на 11 мај 1981 година во болница во Мајами на возраст од 36 години. |