11.07.2012, 09:50 „Дуо Скупи“ гостува во Софија
Во изминатите години дуото имаше серија успешни настапи низ Европа и САД
Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер ќе настапи „Дуо Скупи“ и ќе промовира компакт-диск. Во состав на дуото се флејтистката Јета Старова-Мехмети и виолониститот Ермал Мехмети.
Во изминатите години тие има серија успешни настапи низ Европа и САД. Добитници се на голем број меѓународни признанија, меѓу кои и наградата „Мајка Тереза".
Во Бугарија настапувале повеќепати, а вечер ќе се претстават со нов музички материјал. |