11.07.2012, 17:45 Пешевски: Решението е во програмата на Владата
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски цени дека решението на проблемот со сиромаштијата во Македонија, која според најновите податоци на Државниот завод за статистика лани била 30,4 проценти, е во програмата на Владата.
„Одговорот на прашањето е во програмата на Владата каде што има над 1.000 проекти кои директно или индиректно влијаат на забрзан економски раст и отворање нови работни места“, изјави вчера Пешевски на прес-конференција.
Тој потенцира дека Владата не е задоволна од сегашниот степен на невработеност и она што се случува, но и дека не може да се биде незадоволен во однос на она што се случува во светот.
Според него, нема магична формула и проект за намалување на сиромаштијата и додаде дека за справување со овој проблем Владата носи и дополнителни пакет мерки.
„И во иднина ќе го продолжиме да го правиме тоа и се' што значи подобрување на бизнис-климата и социјалната заштита“, истакна Пешевски.
Претставникот на Светска банка во Македонија, Лилија Бурунчук, нагласи дека состојбата во целиот свет е тешка и Банката и' помага на Владата преку анализи на пазарот на работна сила, за поволни услови за отворање работни места и други проекти. (Ек.Р.) |