11.07.2012, 12:06 Почина девојче од Финска од прекумерно конзумирање вода
Едно 12-годишно девојче од Финска од Оландските острови недалеку од Шведска почина минатата недела затоа што за кратко време испила премногу вода.
Според пишувањето на листот Афтонбладет, девојчето со другарките играле „воден покер“ каде оној кој ќе ја изгуби партијата мора да испие чаша вода, така што во релативно краток временски рок испила поголема количина вода.
После неколу часа на девојчето и се слошило и однесена е во болница. Лекарите установиле мозочна смрт и таа починала три дена подоцна. Шефот на интензивната нега во шведската болница во Упсала каде девојчето почина, објасни дека пиење премногу вода може да ја разреди крвта и да го намали нивото на сол во неа, доведувајќи до пупмање вода во мозокот и до негово отекување. зш/10:59
|