10.07.2012, 09:06 Изминатава година најтопла во историјата на САД
Изминатите 12 месеци до крајот на јуни биле најтоплите во метеоролошката историја на САД.
Средната температура за периодот од јули 2011 до јуни 2012 година изнесува 13,3 Целзиусови степени, што е за 1,3 степени повисока од просечната вредност на температурата откако се регистрираат метеоролошки податоци, соопшти Националната океанска и атмосферска администрација.
Првите шест месеци од 2012 година се најтоплото прво полугодие во метеоролошката историја на САД. Рекордни или речиси рекордни температури се измерени насекаде во САД, со исклучок на северозападниот регион.
Во оваа статистика не е вклучен жешкиот бран, што ги зафати САД од почетокот на јули и предизвика рекордни температури низ целата земја. |