13.07.2012, 17:50 Гол на Георгиевски за Интер Баку
Македонија има и индивидуални репрезенти што поминаа во второто коло од Лига Европа. Повремениот репрезентативец Славчо Георгиевски го постигна првиот гол за Интер Баку во победата од 2:0 против Транс Нарва од Естонија. Со вкупни 7:0, Интер продолжува во второто коло, каде што ќе се соочи со грчки Астерас.
Ерсан Сали на натпреварот Целје - Дачија доби втор жолт картон во 77. минута, но тоа не беше пречка молдавскиот тим да ја задржи предноста од 1:0 од првиот дел и со вкупни 2:0 да го елиминира словенечкиот претставник, кај кој Стефан Ристовски остана на клупата. Дачија сега оди на Елфсборг.
Уште двајца македонски интернационалци нема да играат во второто прелиминарно коло во Лига Европа. Баку не дојде до шанса ни да го регистрира новиот голман Един Нурединоски, а Драган Стојков со Јагодина без пораз се елиминирани од Ордабаси. Казахстанците одиграа 0:0 дома и со победата од 1:0 во Србија излегоа конечен победник. (В.А.) |