11.07.2012, 13:14 Марадона доби отказ во Емиратите
Славниот аргентински фудбалер ја загуби работата откако неговиот тим постигна серија лоши резултати
Легендарниот Аргентинец, Диего Армандо Марадона, доби отказ во клубот Ал-Васл од Обединетите Арапски Емирати, поради серијата на лоши резултати.
Марадона со Ал-Васл имаше потпишано двегодишен договор, но раководството реши да му врачи отказ, откако екипата во првенството во кое играат 12 тимови се најде на осмото место на табелата.
Марадона го загуби и финалниот натпревар во Заливскиот куп, од екипата на Ал Мухарак од Бахреин, додека во Лигата на шампиони на Азија, испадна во полуфиналето од Ал Ахли.
За разлика од успешната играчка кариера во која се закити со светската титула на првенството во 1986 со репрезентацијата на Аргентина, Марадона не може да се пофали со поголеми успеси како тренер.
За Марадона ова е веќе втора неуспешна работа, откако не се прослави ниту со аргентинската репрезентација на Светското првенство во 2010 година.
|