11.07.2012, 13:27 Франсоа Оланд е за Европа со различни брзини
За време на својата прва официјална посета на Велика Британија, претседателот на Франција Франсоа Оланд оцени дека треба да се замисли „една Европа со повеќе брзини“.
Велика Британија не е дел од еврозоната и според претседателот Оланд, не се ни очекува таа да стани дел од еврозоната.
„Велика Британија не мисли да го спречи или закочи, напротив, таа го поддржува тоа што треба да го направат земјите од евро зоната и Франција, од своја страна, не мисли да принудува било кој да ни се приклучува во евро зоната“, истакна францускиот претседател Франсоа Оланд по вчерашната средба со Дејвид Камерон во Лондон каде се наоѓа во прва официјална посета.
На јавноста доволно и се познати разликите меѓу Париз и Берлин околу функционирањето на Европската Унија и начинот на кој британскиот премиер реагираше на најавените реформи на фискалната политика на новоизбраниот француски претседател.
Не случајно, Оланд од Лондон и ја испрати пораката за Европа за „различните брзини“.
„Значи ние треба да замислиме една Европа со различни брзини, секој да доаѓа според својот ритам, земајќи го она што го сака во ЕУ, со почитување на другите земји“ изјавил Оланд. |