Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
13.07.2012, 12:02

Почна 10.Пиво фест во Прилеп

Гостите синоќа ги забавуваа  „Конкверинг лајонс”, „Капс”, „Дубиоза колектив” и гостинот од Јамајка Рас Захари

Во Прилеп синоќа и официјално беше отворен десетиот по ред Фестивал на Пивото „Пиво фест 2012”.На големата бина во центарот на градот прво со натпревар во пиење пиво и со настап на повеќе музички групи беше официјализирана веселата фестивалска атмосфера.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески по овој повод нагласи дека фестивалот е вистински бренд на градот, а во четирите фестивалски дена гостите ќе имаат можност да ги видат сите знаменитости и да понесат убави спомени.

На штандовите на околу 5.000 метри квадратни гости имаше од повеќе краишта на Македонија и од Србија, Хрватска, а сообраќајот се одвиваше без проблем. Забрането е возењето во централното подрачје, но затоа сите се упатуваат на предвидените паркинг простори.

Поголема посетеност се очекува вечер, посебно за време на викендот.

Гостите синоќа ги забавуваа повеќе групи, меѓу кои и „Конкверинг лајонс”, „Капс”, „Дубиоза колектив” и гостинот од Јамајка Рас Захари.

За вечер е предвиден настапот на Влатко Стефановски, Есма Реџепова, Кирил Џајкоски, Кросроуд блуз бенд.

Поради големиот интерес да се патува деновиве во Прилеп, „Македонски железници” имаат и вонреден возен ред. Како што се соопштува, вонредниот воз е в сабота и во недела. Од Скопје ќе тргнува во сабота и недела во 11.00 часот. Од Прилеп кон Скопје возот ќе сообраќа во недела и понеделник во 1,20 часот по полноќ.

- Сакаме да ги информираме патниците дека кон Прилеп, во деновите на „Пиво фест“, сообраќаат и редовните патнички возови кои од Скопје кон Прилеп тргнуваат во 6.48, 14,30, 17,10 и 19,30 часот, а во повратен правец од Прилеп за Скопје во: 3.49, 6.10, 13.35 и 19.24 часот, стои во соопштението на „Македонски железници”. Патниците од Битола кон Прилеп можат да ги користат возовите во 3.10, 5.30, 12.45 и 18.35, а во обратен правец од Прилеп за Битола возовите во: 9.39, 17,12, 19.26 и 22.25 часот.


Статијата е прочитана 614 пати.

Испрати коментар



Мишел Камило - Мило ми е што сум дел од "Охридско лето"
Лондончани му исклучија струја на Брус Спрингстин
(ФОТО) Брена го крена Прилеп во воздух
Гран при за Боби Мојсовски на „Славјански базар“
(ФОТО) Величествен јубилеј на Галичка свадба
Мишел Камило и Џовани Идалго на „Охридско лето“
(ФОТО) Сто и педесет години од раѓањето на Густав Климт
Отворено 11. издание на фестивалот „Стоби“
Почна 50. јубилејна Галичка свадба
Антигона вечерва го отвора фестивалот „Стоби“
Промовиран музејски каталог претставен со брајово писмо
Почнува 50. јубилејна Галичка свадба
Синот на Силвестер Сталоне пронајден мртов
Лучано Товоли е добитник на „Златна камера 300“
(ФОТО) И покрај малерот со времето, „Ромео и Јулија“ го стартуваше „Охридско лето“
Американка го тужу Џастин Бибер поради „трауми“
HP ја претстави новата флота на бизнис компјутери
Деветгодишно дете заработи 250.000 фунти од своите слики
(ОБНОВЕНО) „Охридско лето“ отворено со задоцнување од час и половина
На пеколни жештини, Пивофест разладува
(ФОТО) Награден стрипот „Волшебното катче на Цане“ на Тхе Мичо
Во Израел пронајдено древно богатство вредно половина милион долари
Швеѓанец бил милијардер два часа
Кејти Холмс се врати под закрила на католичката црква
„Ромео и Јулија“ го отвора 52. „Охридско лето“
Почнува 13. Егзит фестивал
Среќен 50. роденден „РОЛИНГ СТОУНС“!
(ФОТО) Кристина Арнаудова се разладува во Котор
Една од најбогатите жени во Британија најдена мртва
Концерт на канадскиот оркестар „Вест Кост Симфони“ на „Скопско лето“
Паразит именуван по Боб Марли
„Дуо Скупи“ гостува во Софија
Книга за сите љубовни афери на Мик Џегер
Наскоро два нови албума од починатата Ејми Вајнхаус
Кејти Холмс и Том Круз, сепак, се разведоа спогодбено
(ФОТО) Калашников распали во Хераклеа
Скарлет Јохансон најплатена актерка на сите времиња
Штипската „Хасанагиница“ на „Бит фест“
Почина американскиот актер и оскаровец Ернест Боргнин
(ФОТО) Отпад од Пена изложен на плоштадот во Тетово
„Кристален глобус“ за норвешкиот „Речиси маж“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 12°C

Вторник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 11 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Првите олимпијци пристигнуваат денеска во Лондон
На аеродромот Хитроу пристигнуваат првите 335 спортисти и нивните тренери, меѓу кои се наоѓаат олимпијци од САД, Канада,...
Лондон ја почна борбата против допингот
Анти-допинг центарот на ОИ ќе тестира 6.000 спортисти плус сите освојувачи на медали, се' до деветти септември...
Киднапиран претседателот на „Олимпискиот комитет“
Креветите во Олимпиското село долги само 172 см
Игри со 5.000 допинг-тестови и 150.000 кондоми
Темната страна на Олимписките игри

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |