09.07.2012, 09:12 Почина американскиот актер и оскаровец Ернест Боргнин
Во 1955 година за улогата во филмот „Marty“ доби Оскар за најдобар актер
Познатиот американски актер и оскаровец, Ернест Боргнин, почина вчера на 95-годишна возраст.
Неговиот претставник за јавност, Хери Флин, изјави дека актерот починал во болницата „Седар-Синаи Медикал центер“, а со него било неговото семејство.
На американската публика најпознат и е по улогата на тв серијата „МекХејлс нејви“ (McHale's Navy) и „Ервулф“ (Airwolf), додека домашната публика го знае и по улогата во серијата „ЕР“ (за улогата на Пол Менинг номиниран е за наградата Еми), „The Dirty Dozen“, „Escape From New York“, „Gattaca“, а во прв ред по улогата во филмот „Marty“ за кој во 1955 година доби и Оскар за најдобар актер.
Негов последен поголем филмски проект беше „Ред“ во кој се појави заедно со Брус Вилис, Морган Фриман, Џон Малкович и Хелен Мирен. |