04.07.2012, 14:00 Алек Болдвин сонувал да го убие адвокатот на бившата сопруга
Спорот што го водел Болдвин со актерката околу старателството над нивната ќерка за холивудскиот актер бил толку стресен што посакал да му се одмазди на соперничкиот адвокат
Додека повеќето луѓе сонуваат за некои убави работи, актерот Алек Болдвин открил на „Твитер“ дека сонувал за тоа да го убие адвокатот на својата бивша сопруга, Ким Бесинџер.
Спорот што го водел Болдвин со актерката околу старателството над нивната ќерка за холивудскиот актер бил толку стресен што посакал да му се одмазди на соперничкиот адвокат. Налудничавата идеја актерот ја добил непосредно по разводот со Ким. Тоа, сепак, не бил крајот на неговите фантазии. Актерот, исто така, посакувал да го убие уредниот на порталот ТМЗ, Харви Левин. Споменатиот уредник имал храброст да ја пренесе веста дека Болдвин ја нарекува свиња својата тогаш 11-годишна ќерка Ајрленд.
Тоа го разбеснело Болдвин во толкава мера што посакал да го прободе со нож. „Сакав да го избодам со нож, да го гледам в очи додека умира. Но, знаете, мора да пуштите да ви мине тоа“, рекол Болдвин.
|