07.07.2012, 13:25 Литванија последен полуфиналист во Каракас
Литванците рано утринава по македонско време ја победија селекцијата на Порторико со 76:72
Репрезентацијата на Литванија е последниот учесник на кошаркарскиот квалификациски олимписки турнир која обезбеди место меѓу четирите најдобри.
Литванците рано утринава по македонско време во Каракас ја победија селекцијата на Порторико со 76:72. По четвртини: 16:22; 24:16; 17:17 и 19:17. Мантас Калниетис и Линас Клеиза со по 14 реализирани поени беа најефикасни во победничката репрезентација.
Алекс Галинда со 17 постигнати поени беше најпрецизен кај Порторико, а воедно и на натпреварот.
Противник на Литванија во полуфиналето ќе биде Доминиканска Република, репрезентацијата која во четвртфиналната фаза ја победи Македонија. Овој натпревар ќе се одигра вечерва 2 часот по полноќ. Во првото полуфинале вечерва од 23 часот и 30 минути ќе играат Нигерија и Русија. зс/10:06
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 33°C
Делумно облачно
|
Вторник
Ведро
Макс: 37°C, Мин: 18°C
|
Среда
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 19°C
|
|
|
|
|
|