04.07.2012, 18:16 Куп лажни продавачи на билети за ОИ
Британското биро за врски при Европол во пресрет на Летните олимписки игри во Лондон до македонското Министерство за внатрешни работи, односно до Одделението за Европол, испратило известување со кое се предупредува за појава на неовластени интернет-страници за продажба на билети. Во известувањето, освен за неовластените продавачи на билети, наведени се и лажни веб-страници што нудат сместување.
Британското биро дало конкретни инструкции што треба да се преземе ако има набавка на влезници од: www.euroteam.net, ww.tixnet.com, www.olympicticket.info, www.euroteam.info, www.euroteamtickets.com, www.2012tickets.org, www.londonsummergames.net, www.londonsummergames.org, www.euroteam.travel и www.worldticketservice.net
Оттаму најавуваат дека ако постои набавка на билети, потребно е да се контактира со компанијата од каде што првично постоел обид за купување карти или, пак, да се контактира компанијата која го овозможила префрлањето пари и повлекувањето средства, а случајот може да се пријави и на [email protected]. Поради појавата на лажни продавачи на билети за Олимпијадата во Лондон, со известувањето се препорачува дека единствен и најбезбеден начин е преку официјалната веб-страница www.london2012.com. (Љ.С.) |