04.07.2012, 14:32 Црвена звезда го откачи Вардар
Српскиот вицешампион неочекувано го извести македонскиот првак дека го откажува претходно договорениот дуел што требаше да се случи на 6 јули
Договореното пријателско одмерување на силите меѓу Црвена звезда и Вардар нема да се случи, откако српскиот вицешампион неочекувано го извести македонскиот првак дека го откажува претходно договорениот дуел што требаше да се случи на 6 јули. Со ова, тренерот на Вардар, Илчо Ѓорѓиоски, ќе остане без главниот контролен меч, кој требаше да биде увертира и да даде комплетна слика за тимот пред двомечот со белоруски БАТЕ Борисов во квалификациите за Лигата на шампионите.
„Црвено-црните“ во моментов се наоѓаат на Златибор и денеска, а најдоцна утре, треба да го дознаат противникот за подготвителниот натпревар за 6 јули, ден пред враќањето во Скопје. (Љ.В.)
|