03.07.2012, 15:28 Пари Сен Жермен го промовираше Лавеци
Богатите шеици одвоија 25 милиони евра за Аргентинецот, кој во наредните четири години ќе го носи дресот со број 11
Францускиот прволигаш Пари Сен Жермен и официјално го промовира првото засилување во новата сезона, Аргентинецот Езекиел Лавеци, за кој богатите шеици одвоија 25 милиони евра. Напаѓачот во наредните четири години ќе игра во Лига 1, а во ПСЖ ќе го носи дресот со број 11.
„Во ПСЖ ќе имам можност да се докажувам и да освојувам трофеи. Ова е клуб во развој и чекори напред. Лига 1 ќе претставува вистински предизвик за мене. Пасторе ми кажа убави работи за Париз и се надевам на одличен прием од страна на навивачите, како што тоа беше случај со фановите на Наполи“, изјави Лавеци.
Тој пет години го носеше дресот на Наполи, за кој настапи на 156 натпревари и постигна 38 гола.
|