| 04.07.2012, 12:36Македонија падна две места на ФИФА листата 
 
  
 Нашата фудбалска репрезентација се наоѓа на делба на 103 место со Бахреин
 
 Македонската фудбалска репрезентација падна за две места на јулското рангирање на ФИФА листата објавена денеска. Македонија се наоѓа на делба на 103 место со Бахреин.
 
 Од противниците на македонските фудбалери во квалификациите за Светското првенство, на листата на Светската фудбалска асоцијација за месец јули најдобропласирана е Хрватска (9.место), Србија е на 37 место, Велс е 38., Шкотска 49., а Белгија 53-та.
 
 Шпанија и натаму е лидер пред Германија и третопласираниот Уругвај. Четвра е Англија, петта Португалија, на шестото место е Италија, седма е Аргентина, а во првата десетка се и Холандија, Хрватска и Данска.
 
 Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 8 август.
 
 
 
 
 
 |