04.07.2012, 21:47 Ангола загуби, Македонија прва во групата
Нашите најдобри кошаркари ќе играат во четвртфиналето од подобра стартна позиција, откако Нов Зеланд ја совлада Ангола со 68:64
Македонската кошаркарска репрезентација, сепак, заврши на првото место во групата Д од квалификациите за Олимпијадата во Лондон. Ваквиот епилог стана откако Нов Зеланд ја совлада Ангола во последниот меч од првата фаза, со 68:64.
На конечната табела сите три репрезентации имаат по една победа и еден пораз, меѓутоа Македонија е прва поради најдобриот кош количник. И покрај поразот, Анголците, како второпласирани продолжуваат понатаму.
Сега е јасно дека нашите кошаркари ќе вкрстат со втората екипа од Ц групата, односно поразената од мечот Русија - Доминиканска Република, вечерва во 20 часот.
|