| 05.07.2012, 19:41Ренова убедлива со аматерите од Сан Марино 
 
  
 Бајрами беше творец на хет-трик попладнево на стадионот на Башкими, а четвртиот погодок беше дело на Исмаили во 60 минута
 
 Фудбалерите на Ренова го совладаа аматерскиот состав на Либертас од Сан Марино со 4:0 во првиот меч од воведната квалификациска рунда за Лига Европа. Бајрами беше творец на хет-трик попладнево на стадионот на Башкими. Двапати реализира од пенал во 10 минута и во 14 минута, еднаш погоди и од игра во 83 минута. Четвртиот погодок беше дело на Исмаили во 60 минута.
 
 Реваншот е за седум дена во Сан Марино. (С.Д.)
 
 
 
 |