09.07.2012, 14:43 Дешамп нов селектор на „триколорите“
Некогашниот репрезентативец на „галските петли“ потпиша двегодишен договор со Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), со можност да биде продолжен за уште две години
Дидие Дешамп е новиот селектор на француската фудбалска репрезентација. Некогашниот репрезентативец на „галските петли“ потпиша двегодишен договор со Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), со можност да биде продолжен за уште две години.
Дешамп на клупата на „триколорите“ го замени Лорен Блан, кој не успеаа да оствари позабележителни резултати на ЕП во Полска и во Украина. Првата работа на поранешниот капитен на Франција ќе биде да ја подобри лошата атмосфера што владее меѓу играчите. Своето деби на селекторското место ќе го има на 15 август, за кога е закажан пријателскиот натпревар со Уругвај. Франција во квалификациите за СП 2014 во Бразил ќе го игра во групата И заедно со Шпанија, со Белорусија, со Грузија и со Финска.
|