07.07.2012, 18:43 Петта титула за Серена Вилијамс на Вимблдон
Помладата од сестрите Вилијамс во денешното финале ја совлада полската тенисерка Радванска со 6-1, 5-7, 6-2
Американката Серена Вилијамс триумфираше на Вимблдон откако во финалето попладнево ја победи Агнешка Радванска од Полска со 2-1 во сетови.
За помладата од сестрите Вилијамс ова беше петти триумф, со што се изедначи со својата постара сестра Венус Вилијамс.
Радванска го играше своето прво Грен слем финале, а во 2005 година беше јуниорска шампионка на терените во Лондон.
Серена Вилијамс го доби првиот сет со 6-1 во гемови и имаше предност во вториот, но Радванска успеа да направи пресврт и изедначи на 1:1 во сетови добивајќи го вториот од 7-5. Во решавачакиот сет Вилијамс беше поуспешна со 6-2. Мечот траеше два часа и две минути.
Серена Вилијамс на Вимблдон беше најуспешна и во 2002, 2003, 2009, 2010 и 2012 година.
Утре во машкото финале ќе играат Роже Федерер и Енди Мареј
|