08.07.2012, 16:57 Ристеска место Рожман на ОИ
Христина Ристеска, а не Ивана Рожман, ќе ја претставува Македонија во атлетика на претстојните „Олимписки игри“ во Лондон. „Македонскиот олимписки комитет“ остана на ставот дека спортист што еднаш веќе учествувал на ОИ со вајлд-карта не можат повторно да настапи со покана, поради што отпадна Рожман, која во Пекинг 2008 трчаше во квалификациите на 100 метри.
По препораката од МОК, Извршниот одбор на „Атлетската федерација на Македонија“ во вчерашниот последен рок за пријавување се реши за Ристеска и за Кристијан Ефремов, кои ќе се натпреваруваат на 400 метри (Р.Д.) |