Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хроника
09.07.2012, 17:38

Тетовец претепан до смрт

Двајцата напаѓачи го пресретнале Крсте Стерјовски (65) кај православните гробишта во градот

Тетово – Шеесет и петгодишен тетовец почина како резултат на брутален напад кој се случи во петокот во близина на православните гробишта во Тетово. Двајца напаѓачи во петокот го пресретнале својот сограѓанин Крсте Стерјовски-Дуда (65) и безмилосно го удирале со тупаници. Повредениот веднаш е пренесен во болница, но - вчера им подлегна на повредите. Двајцата напаѓачи во текот на вчерашниот ден беа уапсени и полицијата разговараше со нив.

Според полициски сознанија, напаѓачите се од тетовско Гермо и досега немале сторено поголемо кривично дело.

Според полицијата, се' се случувало во петокот во попладневните часови. Двајцата напаѓачи му се нафрлиле на својот сограѓанин, инаку повратник од Швајцарија, претепувајќи го крвнички. Тешко повредениот бил пренесен во тетовската клиничка болница, од каде што по укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите, бил пренесен на скопските клиники. Вчера два часа по полноќ тој им подлегнал на здобиените повреди.

„Целото наше семејство живее во Швајцарија и сме со двојно државјанство. Татко ми пред половина година се здоби со пензија и дојде да живее во Тетово. Кај нас доаѓаше секои два месеци. Кога разбрав за случајот, јас веднаш допатував. Не можев ништо да разберам за причините за толку злобната физичка пресметка. Очекувам полицијата брзо да реагира, а за денес е закажана средба во швајцарската амбасада во Скопје“, изјави Александар Стерјовски, син на сега покојниот Крсте.

Кај семејството на починатиот сретнавме и жител на Шемшово.

„Доста време работев со Крсте. Ми беше најдобар другар и пријател. Го немав видено подолго време. Кога разбрав за трагедијата, веднаш специјално допатував. Што да ви кажам. Многу ми е жал за човекот“, ни раскажуваше Албанецот од Шемшово.

Крсте Стерјовски вчера беше погребан на градските гробишта во Тетово. Во поворката беа неговото семејство, како и голем број тетовци кои го познаваа починатиот како мирен и добар човек.

Тетовската полиција интензивно работи на расветлување на сите детали во врска со овој настан, особено и поради фактот што случајот е со меѓунационални димензии. (Г.Е.)


Статијата е прочитана 2825 пати.

Испрати коментар



Откриена криминална група која фалсификувала документи
„Тигарот“ Игор Спасов пред апелациските судии
Демолирано училиштето во Добри Дол



Dilerite ubivaat..., 10.07.2012 01:30:26
Ubijcite se dileri, a ne ziteli na Gjermo (porano s.Gruce koe doselenici od ALbansko Gjermo (Albanija) etnicki go iscistile do GENOCID... Za podsetnik i vo 2001/2002 od Gjermo se pukase kon vojskata i plicijata na Makedonija. Bez Zakon i sproveduvanje na istiot, bez neizbeznost od kazna...nema red vo ovaa nasa drzava. Zakonot na koltot lesno moze da zavladee, a vigilante ima i vo Makedonija. Policijata neka si vrsi rabota...
!, 10.07.2012 01:54:41
Кукавичлук! Лесна му земја и да даде Господ убијците да умираат болно, бавно и мачно! Бел ден да не видат!
Gradjanin, 10.07.2012 03:42:03
Se dodeka nema smrtna kazna i kazni minimum od 60 godini za ubistvo kako sto e vo amerika nie obicnite gradjani ke bideme zrtvi na nasilinici i ke ziveeme vo strav.. Vo makedonija se dobiva 8-14 god zatvor za ubistvo - tragicno. Site naucni studii pokazuvaat deka kolku pogolemi kazni tolku pomalce ubistva i kriminal. Vo makedonija so ovie kazni gi motivirate nasilnicite...
Jasmin Stankov, 10.07.2012 04:39:33
makedonija treba da bide seriozno opomeneta od megjunarodniot faktor poradi nemoznosta da go go skroti diveenjeto na vakvi bandi vo drzavava
pero, 10.07.2012 05:42:04
Makedonija poslem bila bezbedna drazava vide se kolku e bezbedna sekoj den ima ubistva
Ljubotan Trade Name, 10.07.2012 06:26:51
Za eden Vakov Pogreb; Trebase najmalku 20,000 Pravoslavci od tetovskiot region da bidat vo Taznata Povorka i sve Tetovska Tragedija. Ova nee tragedija samo na edna tetovska Familia,tuku e istoriska Tragedija na Pravoslavieto vo Tetovsko! Neka, Dragi Bog Mu Podari Rajsko naselje, Tamu kade nema Bol i Jauk! Neka mu e Vecna Pamjet
НЕВЕН ГНЕВЕН, 10.07.2012 07:16:46
Сочувство до семејството на убиениот. Камо ги албанците да се огласат со еден збор, никаде ги нема, а организираат безвезни протести и прават невидени зулуми.
Tina, 10.07.2012 09:28:27
Nemame sloboda ni na grobista da se poklonime na nasite pokojni. A sega nov zakon za Makedonci. Gledajte si go grbot.
stoe, 10.07.2012 10:11:40
znacit tepanjata i ubistva prodolzuvat a vlada i jankulovska nit da se oglasat deka postojat da bese albanec ubien sega na ulica ce izlegoa ako ni e glupav narod sme.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Вторник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Повеќе интервенции во Скопје по силното невреме
Противпожарната единица во текот на ноќта интервенирала на 28 места...
(ИНТЕРВЈУ) Сузан Сарандон: Се уште сум хипи-девојка
Моите синови десет години не ги гледаат моите филмови и немаат интерес за тоа, ни изјави холивудската актерка во Карлови...
(ФОТО) МПМ добитник на награда за филантропија
Во име на вработените на Медиа Принт Македонија наградата ја прими Виктор Доневски, извршен директор во компанијата...
(ФОТО) Го истетовираа Тодор Александров
На околната ограда со црн спреј е напишано „Грујо носи си го“, а петметарската бронзена скулптура е испрскана со бела бо...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |