04.07.2012, 15:13 Мурињо: Касилјас, не дружи се со Чави

Двајцата воопшто не се одвоија еден од друг за време на ЕП, иако пред почетокот не се „мирисаа“ премногу
Европското првенство во фудбал во Полска и во Украина донесе низа пријателства, а едно од нив беше продлабочено меѓу голманот и играчот од средниот ред на Шпанија, Икер Касилјас и Чави Ернандез.
Двајцата воопшто не се одвоија еден од друг за време на ЕП, иако пред почетокот не се „мирисаа“ премногу. Токму поради тоа, тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо не е воодушевен од нивното другарство, поради што Касилјас дури имаше и проблеми со Португалецот минатата сезона, пишува шпанскиот печат.
|