06.07.2012, 15:32 „Големиот инквизитор“ на Питер Брук утревечер во Скопје
Претставата е работена според делото „Браќа Карамазови“ на Достоевски, во адаптација на Мари Хелен Естеин. Автор на дизајнот на светло е Филип Виалат
Француската монодрама „Големиот инквизитор“ во режија на Питер Брук, со која вечерва во Ресен ќе биде отворен Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“, во изведба на познатиот актер Брус Маерс, утревечер ќе биде одиграна на сцената на Македонскиот народен театар со почеток во 21 часот.
Претставата е работена според делото „Браќа Карамазови“ на Достоевски, во адаптација на Мари Хелен Естеин. Автор на дизајнот на светло е Филип Виалат. (К.Р.)
|