04.07.2012, 18:17 Втора победа за Саган на Тур де Франс
Петар Саган од Словачка стигна до втората победа на 99. издание на Тур де Франс со време 4:42,58 часа, со што стана најмладиот натпреварувач што триумфирал на две етапи на најпрестижната велосипедска трка во светот. Втор низ целта помина Едвард Боасон Хаген од Норвешка, а трет беше Петер Велитс од Словачка. Носителот на жолтата маичка Фабијан Канчелара заврши четврти.
По три натпреварувачки дена во Белгија, велосипедскиот карван стигна во родната Франција. Релативно рамничарските етапи завршија, па велосипедистите се преселија на патеки со голем број нагорнини. Во поредокот на планинско искачување најдобар засега е Михаел Мокров, а белата маичка за најмлад квалификант се' уште ја носи Ван Гардерен.
Резултати од третата етапа: Петар Саган 4:42,58 ч., Едвард Боасон Хаген +1сек., Петер Велитс +1 сек итн.
Вкупен поредок: Фабијан Канчелара (Швајцарија) 14:45,30 ч. Бредли Вигинс (В. Британија) +7 сек., Силвен Шаванел (Франција) +7 сек. итн. |