07.07.2012, 01:39 Олимпијадата остана сон и за кошаркарите
Нашите кошаркари во тукушто завршениот меч беа поразени од Доминиканска Република со 86:76
Македонија го заврши настапот на предолимписките квалификации во Каракас. Нашите кошаркари во тукушто завршениот меч беа поразени од Доминиканска Република со 86:76.
Македонија одлично го почна натпреварот и првата четвртина ја доби со 23:10. Во втората продолживме со одлична игра и во еден момент имавме предност од дури 20 поени, 37:27, а на пауза заминавме со истата позитива од првата четвртина, 13 поени.
Сепак, во второто полувреме Доминиканците се разбудија. Предводени од играчот на Сакраменто Кингс, Франциско Гарсија кој постигна 28 поени, најпрво во третата четвртина дојдоа на минус 2, а во последната со тотална доминација буквално ги разбија нашите кошаркари.
На Македонија не и помогна феноменалната игра на Лестер Бо Мекејлеб кој постигна 35 поени, кој поддршка имаше само од Илиевски кој уфрли 16 и Самарџиски со 11 поени. Капитенот Антиќ постигна само еден поен и тоа од линијата за слободни фрлања на две минути пред крајот на мечот.
Вредно да се напомене е и тоа што во одредени делови од вториот дел судиите со некои спорни одлуки против нашата селекција им дадоа крилја на Доминиканците да стигнат до полуфиналето.
|
|
Статијата е прочитана 2802 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Dark Avenger, 07.07.2012 05:52:15 | Vredno e da se spomene deka najcesto, koga ke izgubime mec vo koj sme vodele, stalno ni se krivi sudiite... |
| kole, 07.07.2012 09:34:32 | Се виде зошто во кошарката доминиираат црномурестите. Нашиве бели едвај да поентираа од време на време. Исплазија јазици до колена. Не успеаја да одговорат на чврста игра, не успеаја да скокнат и фатат топка, не успеаја да се ослободат за шут. (Му благодарам на Бо за доприносот!) Ако ништо друго добра школа за понатаму. Едно вредно искуство, да знаат што им фали во играта. Благодарам и за толку. Продолжете да работите, може тоа и маал��у подобро. Поздрав! |
| zvezda, 07.07.2012 09:35:01 | Ako vazno vidoja kade e Venecuela. Se prosetaja
|
| Судија, 07.07.2012 09:46:51 | Многу слабо второ полувреме и никаква игра на Антиќ, Тоше и браќата, а за судиите:
1. Немаше 3 секунди во 2 - 1/4
2. Не беше фаул во напад онаа на Мекелејб
3. Имаше фаул во напад врз Чековски, а не од него
|
| ostavre, 07.07.2012 12:03:31 | Steta! Sansata postoese posle prvoto poluvreme. Dominikancite ne se dovolno kvalitetni za da se plasiraat ponataka, no uspeava da ne isfrlat nas. Pristrasno sudenje da, no nasite reprezentativci ne pokazaa mnogu vo vtoroto poluvreme. Treba da mu se izvinat na Bo McCalebb koj navistina se borese i bese edinstveniot vo reprezentacijata koj zasluzi da odi na olimpijadata. |
| pile, 07.07.2012 14:01:58 | Cestitki do Makedonskite kosarkari, odime ponatamu vo novi uspesi, sepak srceto na teren go ostavate. |
| Itar Pejo, 07.07.2012 15:55:43 | Vlasta zgresi sto ne isprati dva-tri voza so navivaci falangisti. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 33°C
Делумно облачно
|
Среда
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 19°C
|
Четврток
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 17°C
|
|
|
|
|
|