Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Скопје
06.07.2012, 16:59

Стевчо Јакимовски доби европски „Оскар“ за најдобар градоначалник

Во Сараево градоначалникот на Карпош ја прими наградата за најуспешен во Југоисточна и Средна Европа

Од нашиот известувач
Деспина Трајковска


Сараево - Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски и официјално е прогласен за најдобар градоначалник во Југоисточна и Средна Европа. Ова признание завчера во Сараево на свечена церемонија му го врачија од босанската Агенција за избор на најменаџери за Југоисточна и Средна Европа, со седиште во Зеница. Оваа Агенција годинава по 26. пат направи избор на над дваесетина најуспешни менаџери од областа на економијата, а додели и десетина специјални признанија, награди за животно дело и направи избор на личност на годината. Според Пане Скрбиќ, претседател на организацискиот одбор на Агенцијата, наградите претставуваат пандан на филмскиот „Оскар“, во случајов во сферата на бизнисот, политиката, спортот, културата...

„Оваа награда ја сметам како признание на континуитетот на мојата, но и на работата на администрацијата на Карпош и општинскиот Совет, како и на моите претходници. Ова е доказ и дека не само граѓаните на Карпош и на Скопје ги препознаваат успесите на Општината, туку и луѓето надвор од нашата држава“, истакна Јакимовски на доделувањето на наградите.

Со работата и успехот на Карпош присутните на церемонијата беа запознати и преку десетминутен спот, по кој многумина бизнисмени речиси и не го дочекаа крајот на свечениот настан сакајќи да се информираат за можностите за инвестирање во оваа скопска општина.

Дека наградата има „тежина“ и очигледно претставува предизвик да се вброи во „сивито“ на кариеристите, доказ беше посетеноста на церемонијата, големината на присутните гости и нивото на организацијата. Свечената сала во сараевски „Холидеј ин“ беше претесна да ги прими сите поканети, меѓу нив и наградениот црногорски претседател Филип Вујановиќ, дипломатскиот кор во Босна и Херцеговина, градоначалникот на Сараево и бизнис елитата не само од БиХ, туку од целиот регион.

Од Агенцијата најавија дека интересот за завчерашниот настан кој се одржа во Сараево по 15. пат, од вкупно 26 организирани доделувања, ќе им претставува поттик во иднина тоа да се прошири и во другите сфери од живеењето. „Од година во година се докажува дека нашата награда е своевидна круна за кариерата на наградените, или, пак мотив за продолжување и достигнување на уште поуспешни резултати на номинираните и наградените“, истакна Томислав Антуновиќ, претседател на жирито.

Инаку, Јакимовски е прв македонски градоначалник кој го добива ова високо признание. Од регионот негови носители се градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, на Загреб, Милан Бандиќ, Алија Бехмен од Сараево и Миодраг Мугоша од Подгорица.

Политичарите главен фактор за создавање бизнис-клима

Јакимовски присуствуваше и на Меѓународната деловна конференција која годинава беше на тема „Регионална стопанска соработка и развој“. Од лично искуство, како што рече, политичарите се тие кои можат да ги подобрат или влошат условите за бизнис-клима.

„Она што политичарите можат да го сторат за бизнис-секторот е да креираат поволна бизнис-клима и стабилно законодавство кое нема да се менува секој месец, да водат сметка дали има физичка сигурност за бизнисмените, дали судството е независно, дали има ефикасна администрација.Токму тоа е и улогата на локалната самоуправа, да обезбеди стручна и ефикасна администрација која знае да го препознае успешниот бизнис, на своја територија да обезбеди соодветна инфраструктура за него, максимално да ги скрати процедурите за издавање дозволи, а се' во насока на олеснување на инвеститорите“, истакна Јакимовски на Конференцијата на која своето искуство го пренесе и Тихмор Имиќ, претседател на Меѓународниот форум за обновливи извори на енергија и директор на „Електровојводина“ од Нови Сад. На конференцијата говореа и Тони Мегле, сопственик и генерален директор на „Мегле“ од Германија, Исток Селјак, претседател на конзорциумот „Феникс и Хидриа“ од Словенија и други.

Наградени и Вујановиќ, Кацин, Мегле, Тара…

Дирекцијата годинава додели триесетина награди и признанија, од нив 20 за менаџери на годината, а додели и неколку специјални признанија и награди за животно дело. Како пандан на филмскиот Оскар, годинава додели и специјална награда - личност на годината. Престижното признание го понесе црногорскиот претседател Филип Вујановиќ. Признанието му беше доделено за, како што истакнаа од жирито, новите визии за регионот, енергијата со која ја врши функцијата, почитта спрема соседните држави, а пред се', бидејќи во соработката со другите земји предност дава на развојот и соработката на економијата, а дури потоа на политиката.

Меѓу специјално наградените беа: Јелко Кацин, Тони Мегле, турскиот бизнисмен Сарик Тара…


Статијата е прочитана 2198 пати.

Испрати коментар






maks, 07.07.2012 01:52:53
bichkijaliski:sdsm sekade ima vrski
MajkinPerth, 07.07.2012 02:09:23
Bravo Stevco sekoja cest,se nadevam deka ke prodolzis I vo idnina da ja promoviras Makedonija.
Аеродром, 07.07.2012 08:51:11
Честитки до градоначалникот Јакимовски. Правата награда во прави раце. Се со труд и се со знаење и умеење, наспроти останатите туркани од страна со проекти и туѓи пари. Браво.
Mirko, 07.07.2012 09:00:15
Ke crknat dusmani! hahahaha
arhitekt, 07.07.2012 09:17:37
Cestitki od Aerodrom za g.Jakimovski.Ocigledno drugite od nadvor podobro gi gledaat i cenat rezultatite na nekoj nasi kvalitetni politicari-menadjeri. Mozebi e ova znak deka g. Jakimovski treba da se pojavi kako kandidat za gradonacalnik na Skopje. Od ovie primitivcite sto se sega na vlast osvek kiceraj i sminka nisto vredno za idninata ne se napravi.
ODNADVOR, 07.07.2012 14:01:11
*Dobriot glas, daleku se slusha* ne e tuku-taka kazano.So Stevce Jakimovski, mozeme da se pofalime bez sram i nadvor od granicit na Republ. Makedonija, sto ne e slucaj za drugite opshtini, osobeno za nevkusot vo centarot na gradot. Sekoj sto se proshetal ili pominal vo negovata opshtina, imal samo pohvalni oceni za negovata rabota, podrazbirajki me vo toa i mene. Bravo! Gospodine i vi posakuvam, uste mnogu drugi uspesi i nagradi.
Kuckovec, 07.07.2012 19:52:12
Sekoja cest
tripun, 08.07.2012 07:25:45
pozadi dobriot konj,dobra prasina se diga
sramota, 08.07.2012 16:55:43
Дали градоначалникот од Нагоричане барем малку ја поднаведна главата читајќи ја оваа вест?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Ведро

Петок
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Сабота
Сончево
Макс: 39°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 7 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Британците очекуваат жетва на медали
Домашниот тим на Игрите во Лондон ќе има 542 спортиста што е рекорден број натпреварувачи од Велика Британија на една ол...
Леброн Џејмс најплатен спортист на Игрите
Од договорот со Мајами добива 13 милиони, останатите 40 легнуваат на неговата сметка од вносните зделки со спонзори...
Олимпиското злато вреди 620 долари
Трудница на Олимписките игри
Брајант не може да замисли да не освои злато
Семенја ќе го носи знамето за ЈАР

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |