Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
03.07.2012, 19:58

Сценографијата на „До балчак" ги воодушевува туристите во Битола



„Можеби ќе имаме премиера на 'Браќа Манаки' следната година", вели режисерот Столе Попов

Битола - Плоштадот "Магнолија" во Битола последниве недели има нов лик, импровизиран сокак со подигнати градби со староградска архитектура кои се исправаат пред градскиот часовник, како дел од сценографијата за филмот "До балчак" на режисерот Столе Попов. Поранешното битолско кафуле "Ал Хамбра" или гостилницата со работен наслов "комитско гнездо" е главната локација каде што се снимаат сцените за филмот. Ниту битолчани, ниту пак многубројните туристи кои секој ден навраќаат во Битола, особено оние на пат за Охрид, не остануваат рамнодушни на филмската сценографија. Филмскиот сет ја претставува Битола за време на отоманскиот период, кога и се одвива драмата. Многубројни граѓани и туристи го имаат тоа задоволство да присуствуваат на снимањето на овој филм.

"За Битола ми раскажувале моите родители, ја знам и песната 'Битола бабам Битола'. Но од ова што го гледам тука, навистина сум воодушевена. Многу е убаво овде, а прв пат присуствував и на снимање филм и се почувствував како и јас да сум дел од него", вели турист од Измир, Турција.

Режисерот Столе Попов досега, очекувано, е задоволен од текот на снимањето. Постпродукцијата ќе трае следната година, а премиерата можеби ќе се случи на фестивалот "Браќа Манаки" во 2013 година. Ова е прв проект од Попов по 15-ина години, најавен како приказна за "македонската кауза видена низ агол на строга индивидуалност, лишена од каква било идеологизација", зачинета со романтична љубовна приказна.

"Задоволен сум од текот на снимањето на филмот. Не' очекува работа и снимање за уште една третина од филмот и се надеваме дека ќе го завршиме филмот кон крајот на август. Имавме мали тешкотии со времето, но ете тоа е надминато. Потоа следува период на макотрпна работа на постпродукција, така што имаме уште скоро една година работа. Можеби ќе имаме премиера на 'Манаки' следната година", вели Попов.

 

Филмот се снимаше низ цела Македонија - Скопје, Штип, Демир Хисар, Охрид, Прилеп и Битола. Оттука и прашањето, дали пелагонискиот регион може да биде филмски регион, особено што градоначалникот Владимир Талески уште пред првиот мандат имаше предизборно ветување Битола да биде филмски град.

"Тоа бара големи средства голем напор и вложување големи средства. Тоа е сложено прашање за елаборација. Ние работиме максимално со голема екипа и пожртвуваност, само така се успева", вели режисерот Попов, додавајќи дека тоа што како сценографија е направено во Битола, можеби е максимумот што може да се направи во моментов, со голем напор и работа.

Во филмот "До балчак - Приказната од дивиот исток" главните улоги ги толкуваат: Инти Шрај, Сашко Коцев и Мартин Јордановски. Играат и Тони Михајловски, Сенко Велинов, Мики Манојловиќ, Никола Којо, Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Никола Ристановски, Гораст Цветковски, Ана Костовска, Владо Јовановски, Камка Тоциновски. Големата филмска екипа вклучува и статисти од сите градови во државава. (А.Б.)



Статијата е прочитана 1153 пати.

Испрати коментар



„Големиот инквизитор“ на Питер Брук утревечер во Скопје
Нови локации и знаме за 51. „Струшки вечери на поезијата“
Почна снимањето на филмот „Подиграфка” на режисерот Горан Тречовски
Никола Маџиров на поетски фестивал во Ледбери
Над 8.000 публика се очекува на концертот на „Дјуран, Дјуран“
Даница Тортеска и Трајче Лозаноски - младенци на 50. Галичка свадба
Костимите добиваат нова димензија
Бата Живоиновиќ во критична состојба по мозочен удар
„Актерот на Европа“ од утре во Ресен
Поетска вечер на Лидија Димковска во Салцбург
Слика на Каналето продадена за три милиони долари
Се сврши синот на Каролина од Монако
Охридско лето не смее да биде заложник на какви било условувања
Алек Болдвин сонувал да го убие адвокатот на бившата сопруга
Девојката му го простила неверството на Балотели зашто чека дете
Нов портал на Европската библиотека
Ѕвезда на Си-Ен-Ен призна дека е геј
Жак Доајон и Ева Јонеско меѓу охриѓани
Емануела доживеа мозочен удар
Камион со музичката опрема на Мадона се преврте кај Гетеборг
Театарот за деца и младинци ќе настапи на фестивал во Шибеник
Изложба на Дарко Алексовски, добитник на наградата „Борко Лазески“
Концерт на „Нокаут“ во Битола на 11 јули
Награда за „Волшебна Македонија“ во Лече
Заврши снимањето на „Соба со пијано“
(ИНТЕРВЈУ) Треба да ја следиме визијата на големите уметници



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 35°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 20°C

Недела
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО ВЕСТ) Џамија - супермаркет
Од недела над 40 степени и многу висок УВ индекс
Во Македонија од недела под влијание на многу топла воздушна маса од северна Африка ќе биде претежно сончево и многу топ...
(ИНТЕРВЈУ) Кралицата е многу либерална
„Верувам во ослободувањето, тоа е дел од моето патување“, изјави британската актерка Хелен Мирен во интервјуто за „Утрин...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |