04.07.2012, 13:22 Девојката му го простила неверството на Балотели зашто чека дете
Дека ќе стане татко Фико му соопштила на Балотели пред самиот натпревар со Германија, а среќната вест ја прославил забивајќи два гола
Тагата поради поразот во финалето на Европското првенство во фудбал за фудбалерот Марио Балотели (21) не траела долго. Дома го дочекала бремената девојка Рафаела Фико (24), која токму поради бременоста одлучила да му го прости неверството на фудбалерот. Дека ќе стане татко Фико му соопштила на Балотели пред самиот натпревар со Германија, а среќната вест ја прославил забивајќи два гола.
Италијанската манекенка, која порано се забавуваше и со Кристијано Роналдо, го оставила Марио поради неговите чести прељуби, меѓу другото, и со ескорт-дамата Џенифер Томпсон, позната по аферата со Вејн Руни. Но, поради детето на пат, убавата Рафаела му дала уште една шанса.
|