04.07.2012, 17:45 Потрошувачите против самоволието на „Топлификација“
Ако 80 отсто од станарите треба да пресудат за исклучување од парно, се загрозува правото на избор, смета Организацијата на потрошувачи
Додека Регулаторната комисија за енергетика го крои новиот Правилник за снабдување со топлинска енергија, потрошувачите бараат да се слушне и нивниот глас, а не само да се гледа интересот на „Топлификација“.
Клучните измени во овој документ се однесуваат на оние што ќе сакаат да се исклучат од мрежата на „Топлификација“. Се' поизвесно е дека ќе мора корисниците на парно кои живеат во зграда да бараат согласност од 80 отсто од станарите, но не се знае колкав ќе биде фиксниот износ што ќе мора да го плаќаат тие што ќе се исклучат.
За тоа колкав ќе биде процентот што ќе се плаќа секој месец и доколку корисникот излезе од мрежата, никој не открива.
Од „Топлификација“, како и до сега, немаат коментар, а од Регулаторната комисија за енергетика велат дека процентот ќе зависи од квадратурата на станбениот простор.
Организацијата на потрошувачите на Македонија деновиве упати конкретни забелешки за новиот Правилник до Регулаторната комисија за енергетика. Тие сметаат дека за овие прашања кои ги засегаат потрошувачите потребна е поширока дебата, па дури предлагаат да се направи и анкета за да се види какво е мислењето на тие што се исклучени и на оние што не се. Тие не се априори против донесување нови правила, но бараат дискусија. Во забелешките на Организацијата на потрошувачи се вели дека правилата се нејасни и дека има одредби кои можат различно да се толкуваат, а кои ќе придонесат договорите со корисниците понатаму да можат да бидат предмет на судско разгледување и постапување.
Според нив, најпроблематично е решението со кое тие што сакаат да се исклучат треба да добијат согласност од 80 отсто од потрошувачите кои живеат во колективните објекти. ОПМ смета дека можело да се поднесе такво барање без условување.
„Се поставува прашање, како овој член ќе се одрази на веќе исклучените станари и дали и за ни�� ќе бара таа согласност, иако се веќе исклучени. Новите баратели за исклучување ќе бидат доведени во нерамноправна положба со веќе исклучените заради измена на условите и воедно ќе биде повредено правото на приватност ’секој кој сака да се исклучи, ќе зависи од неговите соседи‘. Со ова се доведува во прашање едно од основните потрошувачки права, а тоа е правото на избор“, стои во забелешките што ОПМ ги достави до Регулаторната комисија.
Според нив, проблематично е тоа што исклучените ќе мораат да го плаќаат фиксниот дел од надоместокот за топлинска енергија.
„Се поставува прашање од кои причини регулаторот не го предвидел фиксниот дел, колку изнесува и на кој начин се утврдува тој. Потрошувачите имаат право да го знаат тоа, со цел да согледаат на кој начин исклучувањето со сите параметри ќе влијае на семејниот буџет и на нивната одлука за исклучување, односно останување во системот. Оние потрошувачи кои веќе се исклучиле не се споменуваат, па од таа гледна точка се поставува прашањето дали и за нив ќе важат овие правила, имајќи ги предвид реакциите на граѓаните за вложувањата во нови грејни системи за затоплување на станбената површина во која живеат“, забележуваат во ОПМ. (С.М.) |
|
Статијата е прочитана 1731 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 05.07.2012 00:24:06 | Imam i jas edno prasanje. Hipoteticki, no i realno. Eve za primer, nova zgrada od 20 stana, koj 15 stana gradeznata firma uspeala da gi prodadi (i site se uklucile na Toplifikacija) a 5 stana firmata ne uspeala da gi prodadi. Dali firmata ke mora da i plaka na Toplifikacija, ili sosedite ke mora da gi grejat neprodadenite stanovi na firmata? I dali firmata ke gi obesteti komsiite koj ke plakaat zgolemeni smetki? Ili pvtorno ke imame diskriminacija. Graganite ziveele, neziveele vo stanot, ke mora da plakaat na Toplifikacija, a gradeznite firmi nema da bidar obvrzani da plakaat. |
| Марко, 05.07.2012 00:30:24 | Не може да се усвојат правила што ќе важат ретроактивно, тие што се исклучиле го направиле тоа по старите правила. Ако знаеле дека има други правила можеби ќе постапеле поинаку. Ако сум се исклучил од парното, јас немам никакви должничко-доверителски односи со Топлификација и тие не можат да ми наложат да платам ниту денар. |
| потрошувач, 05.07.2012 06:38:31 | Бидејки со користењето на услугите на Топлификација лугето имаат огромни главоболки редно е да се решат еднаш засекогаш. Проблемот со исклучувањето е последица од лошата услуга. Покачувања на цена без подобрување на услугите, неприфаќањето на поплаките и преминување преку нив како и да не постојат го направи своето. За да зборуваме за цена прво треба на тапет да се ставаат услугите дали одговараат или не. Зошто бре потрошувачите да се плашат од Топлификација? Па таа нуди услуга, таа треба да се плаши да не ги изгуби. Е ова е научна фантастика нели? Така е кога се има монопол. Има ли еден кој може да наброи едно нешто во услугата што се променило на добро од она во социјализмот? Има ли еден да наброи во кој домен на услуги Топлификација се однесува како фирма која се стреми да ги задоволи своите потрошувачи? Искрено, очигледно е дека Топлификација е помоќна и од власта. Ни власта ништо не и може или нејќе да и може. |
| Petre, 05.07.2012 07:05:04 | Тие што ќе сакаат да се исклучат, тешко ќе добијат согласност од 80% од станарите. Ќе одат на другата поефикасна варијанта: нема да ги плаќаат сметките и Топлификација веќе после третата неплатена, сама ќе ги исклучи на нејзина сметка. Сите овие заврзлами се прават само затоа што Топлификација никако не сака да угради распределители со кои ќе и’ се намали можноста од крадење. |
| Igor, 05.07.2012 09:53:24 | Како претседател на куќен совет ќе побарам од Топлификација месечен закуп за просторијата што ја користат и тоа цена формирана според нивните пресметки. ако не сакаат да платат нека си ја земат опремата и нека си одат |
| Александар - корисник на калолиме��ри/распределители, 05.07.2012 10:02:10 | Најреална е состојбата кога секој стан поседува ваков распределител, па се плаќа кој колку си потрошил. Некој сака повеќе и плаќа повеќе, некој помалку и плаќа помалку. Во Словенија, исто како и кај нас, распределителите си ги плаќа корисникот, а предноста кај нас е што можат да се платат на 24 рати. Одлична опција за сите згради каде сите станари се сложуваат да стават.
Трошокот од подстаницата долу во зградата, до самиот корисник, не е на терет на топлификација, никаде во свет, туку тој трошок се дели по квадрат или спрема калолиметар.
Со внимание околу греењето, може да се заштеди и до 35%.
Останува единствено проблемот на вкупната цена на греењето, колку е таа реална, и секако можноста кој сака да се грее и после 21 навечер, што Топлификација како голема инертна фирма, не знае да го реши. |
| Sime, 05.07.2012 10:12:37 | Прво прашање, од каде баш 80%? Нели мнозинство е 51%?
Второ, зошто исклучените да плаќаат, па макар и 20%? Што доколку исклучените ги греат становите и тоа ги греат и подоцна од 21ч, кога топлификација престанува? Нели во тој случај исклучените ги „догреваат“ вклучените, по логиката на РК и топлификација. Треба ли да им рефундираат тогаш од топлификација на исклучените?? |
| ko-ra, 05.07.2012 11:23:41 | Prestanete da se majtapite so potrosuvacite na toplifikacija,toa galenice na prethodnata a bogami uste poveke i na segasnata vlast.Podobro bi bilo da se ispita zvanicno kako toplifikacija od javno pretprijatie preku nok se pretvori vo profitabilna privatna firma.Toa e od sustinsdko znacenje da se vidi koj stoi zad taa necesna rabota.Inaku kolku sto mene mi e poznato nitu eden zakon ne predviduva nekoj nekomu da dolzi pari za usluga koja nitu ja baral,nitu ja koristel.Zosto rgulatornata komisija dozvoluva na toplifikacija da gi ucenuva potrosuvacite,koi se tie gospoda sto baraat ni malku ni poveke 80% od stanarite da se soglasat da postavat kalorimetri za da nekoj stanar dobie soglasnost istiot da go postavi vo svojot stan.I konecno ako ovoj biznis ne im se isplati na toplifikacija,neka si odat.No ocigledno e deka im se isplati i toa kako,se razbira vo sprega so drzavnata regulatorna komisija .!! |
| читател, 05.07.2012 13:56:07 | ова со топлификација и регулаторната е навистина невиден рекет врз граѓаните.Како може да важи и да плаќаат граѓаните кои се пред 3 години и повеќе исклучени да плаќаат процент од она што не го користат.Топлификација за тоа зела пари, самата го одобрила исклучувањето, и сега ајде да плаќаат пак. Па топлификација нека ги подобри условите за греење, нека не не мрзне, нека го смени правилникот за начин и времето на греење па тогаш и самите коринисци ќе размислат дали ќе се исклучат.А тие мислат само за себе да зграбат пари,а тој што ги финансира -потрошувачот, граѓанинот ич не им е гајле, навистина невидена срамота, и неможе правилникот да биде посилен од законот |
| Наташа, 05.07.2012 14:29:00 | Не смееше да се дозволи приватизација на Топлификација. Сега и топлификација треба да се соочи со пазарната економија т.е. да работи со ризици како и сите останати фирми:градежниците, земјоделците, фирмите во индустријата. Топлификација не може да биде надвор од системот како галениче. Не може да се бара од потрошувачите да го купуваат она за што немаат финансиски можности. Постојат други алтернативни далеку по економични средства за загревање на просториите.Регулаторите во интерес на Топлификација енормно ги зголемија цените, ги осиромашија и така тенките буџети на граѓаните за тие да можат да прфитираат. Се правдаат дека имаат губитоци на енергија. Доколку за губитоци се сметаат инсталациите,вертиканите цевки нека повелат да ги одстранат од нашите станови или во спротивно ќе им бараме надомес за користење,кирија.За сите настанати проблеми Регулаторите требаше да мислат на време. Ретроактивни зкони не може да се спроведуваат.Исклучувањето беше со согласност на Топлификација. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 13°C
Делумно облачно
|
Вторник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C
|
Среда
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 16°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (8)Смоле кришум пие од вискито на Тито. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|