Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
23.09.2012, 16:29

Жесток и импресивен старт на МОТ

„Пред вашите очи“ беше вистински погодок за отворањето на фестивалот на кој утревечер во Драмски ќе биде одиграна и претставата „Змејовата невеста“ во режија на Нела Витошевиќ

Театарската претстава „Пред вашите очи“ со која во петок во Младинскиот културен центар беше отворен 37. „Млад отворен театар“ беше вистински погодок за старт на годинешното издание на реномираниот фестивал. Салата очекувано беше полна, а публиката со големо внимание ја следеше актерската игра на децата од 8 до 14 години во импресивната, несекојдневна британско-германска претстава за возрасни, која отвораше низа животни прашања поврзани со суштината и смислата на животот, со процесот на стареење, со станувањето возрасен, и што тоа воопшто и вреди и значи. Седумте млади автори покажаа исклучителна моќ за трансформација во улоги од различни возрасти, играа очи во очи со публиката, затворени пред неа во „сигурна соба“ направена од еднонасочни огледала, а оваа крајно динамична и полна претстава на продукциите „Гоб сквод“ и „КАМПО“ со добар избор на музика и костими, беше испратена со воодушевување и голем аплауз. Трупата „Гоб сквод“ е составена од британски и германски уметници и се смета за една од најиновативните современи изведувачки трупи во Европа. Седумтемина уметници заедно работата врз концептот, режијата и изведбата на нивните дела. Основана во 1994 година, со бази во Берлин и Нотингам, оваа трупа ја истражува точката во која театарот се среќава со изведбата, уметноста и медиумите. Нивните дела добиваат широко меѓународно признание и редовно се играат низ Европа, а досега гостувале и во Австралија, Африка, Азија, Северна и Јужна Америка. Покрај театрите и галериите, трупата користи и урбани простори за претставување на своите дела – куќи, продавници, подземни железници, паркинзи, хотели, па и голи улици.

„Нешто е гнило“ е мотото на годинешното издание на МОТ, на чиј старт се обратија директорот на МКЦ, Златко Стефковски и Љубиша Никодиновски- Биш, еден од основачите на фестивалот и негов долгогодишен уметнички директор. Беше отворена и изложбата на плакати од 13. Меѓународно биенале на театарски плакат „Rzeszow 2011“, што се одржува во истоимениот град во Полска, а во МКЦ ќе биде поставена до 26 септември. Член на жирито на ова, последно издание на Биеналето бил и македонскиот графички дизајнер Лазе Трипков, а првата награда му била доделена на Вања Цуцулиќ од Хрватска. Вечерва на програмата е претставата на прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“, „Змејовата невеста“ во режија на Нела Витошевиќ, базирана на драмскиот текст на Димитар Г. Молеров, чие одржување е закажано за утревечер во 20 часот, во Драмскиот театар.

Утре во 11,30 часот пак, во Младинскиот културен центар ќе биде одржана видеопромоција на успешни проекти од програмата „Култура 2007-2013“ на Европската унија, а во 12 часот ќе одржи предавање Андреј Жолдак, режисерот на вечерашната претстава „Војцек“. За утре попладне во 18 часот, на тема „МОТ: Зошто, кога, кој, како - Ние одиме понатаму“ е закажана средба со Љубиша Никодиновски-Биш, а на полноќ во рамки на Кинотеатарот во МКЦ ќе почне да се прикажува вториот дел од трилогијата „Пекол – Чистилиште – Рај“, чиј режисер, сценограф, а и автор на светло и костими е Ромео Кастелучи. (К.Б.)


Статијата е прочитана 208 пати.

Испрати коментар



Денови на македонската култура во Украина
Промовирано ДВД изданието на филмот „Мајки“
(ФОТО) Катарина во нова, суперсекси зимска колекција
Изложба на Игор Јосифов во МСУ
Мал драмски театар од Битола победник на „Експонто“ во Словенија
Три претстави и дебата за независниот театар на МОТ
Антички теракотни фигурини во Скопје
Изложба на антички теракотни фигурини
Македонските музичари освоија „Еми“
Студентите по танц со претстава ја почнаа академската година
Шарлиз Терон повторно вљубена
(ФОТО) Звучен и духовен опиум од „Дед кен денс“
„Огнена топка“ на небото над Велика Британија
Почна „Октоберфест“ во Минхен
„Границата“ и „Војцек“ викендов на МОТ
Златна „Камера 300“ за Јоланта Дилевска од Полска
Концерт на Сашко Костов и „The Waiting Waits“ вечерва во „Хавана“
Домот на „Пинк флојд“ во Лондон продаден за два милиони долари
Антологија на македонската поезија објавена во Израел
МРТВ во ново руво
Волшебните „Дед кен денс“ вечерва во Солун
Филмската дива Софија Лорен наполни 78 години
Со скандалозно смелата „Пред ваши очи“, вечерва почнува МОТ
Боб Дилан претендент за Нобелова награда
Премиера на филмот на Иво Трајков во Битола
Мозаик во форма на солза во чест на Тоше
Андријана Будимир се сврши и останува во Македонија
Полна сала на „Манаки“ за „Скопје ремикс“
(ФОТО) Ќе се обновува конак во „Св. архангели Михаил и Гаврил“
„Матица ексклузив“, отворен новиот мултимедијален центар
„Блуз и соул“ вечерва со посвета на Хендрикс
Роби Вилијамс стана татко на Теодора Роуз
Крагуевачки Фиат 500Л претставен во Белград
(ФОТО) Милчо Манчевски стана национален уметник
Францускиот суд пресуди во полза на Кејт и Вилијам
Привршува изборот на најдобри евергрини
Градоначалникот Блумберг ја почна војната со дебелината
Моника Левински пишува книга за аферата со Клинтон
Одличен прием за „Смртта на човекот на Балкан“
Семејството ја закопа и пепелта на Ејми Вајнхаус
Ни кралицата не може да ги запре сликите на Кејт
Македонскиот балет со „Самсон и Далила“ во Сараево
Наградата „Дијалог“ за млад истражувач доделена на Александра Велева
(ФОТО) Трочлениот екипаж на МВС успешно се врати на Земјата
Жените на Тито
Митревски - „Трето полувреме“ се држи до фактите
„Браќа Манаки“ отворен со премиерата на „Трето полувреме“
(ИНТЕРВЈУ) Катрин Денев - Европскиот филм има душа
Промоција на уличниот магазин „Лице в лице“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Делумно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 13°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (9)
Ми подметнувате нога! Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО) Звучен и духовен опиум од „Дед кен денс“
Култниот австралиски бенд одржа величeствен концерт во амфитеатарот „Earth“ во Солун...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |