17.09.2012, 12:08 Македонскиот балет со „Самсон и Далила“ во Сараево
Македонскиот балет, на 22 септември ќе гостува на познатиот фестивал „Балет фест“ во Сараево, каде ќе настапи со претставата „Самсон и Далила“ од Камиј Сен-Санс
Улогата на Далила ќе ја толкува првенката Александра Мијалкова, во улогата на Самсон ќе настапи Васил Чичијашвили од Грузија, крв е Мими Поп-Алексова, месо е Бобан Ковачевски, како Концерт мајстор ќе настапи Горан Божинов, додека во улогата на зло е Билјана Пашариковска.
Инаку, фестивалот „Балет фест“ годинава се одржува по трет пат и ќе трае до 27 септември. Целта на овој фестивал е да привлече на едно место да се спојат одлични балетски педагози, критичари, балетски уметници и се разбира, голем број на љубители на балетот.
|