17.09.2012, 09:43 (ФОТО) Трочлениот екипаж на МВС успешно се врати на Земјата
Астронаутите од екипажот на Меѓународната вселенска станица во орбитата работеа речиси 125 деноноќија
Рускиот вселенски брод „Сојуз“ со тричлен руско-американски екипаж успешно се приземји во казахстанските степи во близина на градот Аркалик.
Астронаутите од екипажот на Меѓународната вселенска станица, Русите Генадија Падалка и Сергеј Ревин и Американецот Џозеф Падалка, во орбитата работеа речиси 125 деноноќија.
На Меѓународната вселенска станица останаа рускиот космонаут Јуриј Маленченко, Американката Сунита Вилијамс и нивниот јапонски колега Акихико Хошиде.
Следниот месец кон нив ќе се приклучат американскиот астронаут Кевин Форд и руските астронаути Олег Новицки и Евгениј Тарелкин.
|