19.09.2012, 17:51 Мое ќоше
Нашите мили комшии
Ерол Ризаов
Мудрите луѓе кога не можат да избираат соседи избираат пријатели
На еден голем дел од територијата на денешна Европа во почетокот на 20 - тиот век имало само три - четири држави. Денес, по неполни сто години на истото место се наоѓаат преку 20 држави и уште повеќе народи кои претендираат на славно минато и свој дел од историјата, која најчесто е страшно замрсена, преправана, допишувана и препишувана според потребите на политиките и интересите на победниците, но и на поразените. Историјата е добро тесто за месење и за освојување на власта. Војните, политиката и лошото образование, традициите, литературата, уметноста, песните оставиле длабоки наслаги во колективната свест на луѓето, особено на Балканот. Овој огромен историски товар што тешко го носат сите балкански народи, најчесто е главната пречка за добрите соседски односи.
Мудрите луѓе, кога не можат да бираат соседи, бираат пријатели. И во политиката е како во животот. Пријателите си ги избираш сам. Што повеќе имаш вистински пријатели, толку повеќе вредиш. Дури, некои познати филозофи политиката ја дефинираат како наука, или вештина, за правење пријатели. Се разбира, со сила убавина не бидува и тешко е да се стане пријател со некој кој не сака, а уште потешко што не те гледа дека постоиш, дека си тука од другата страна на улицата, ридот или реката.
Македонија во целата своја понова историја како што не научија во нашите училишта и нашите татковци и дедовци немала среќа со соседите и со големите сили. Во свеста на Македонецот е длабоко врежана страдалничката и тажна судбина на државата и на народот. Македонската национална свест, јазик и писмо е завршена работа. Тие се реалност како што сонцето изгрева на Исток, а заоѓа на Запад, или како што планетите се вртат околу сонцето, а не обратно, како што се мислеше во поголемиот период од раѓањето на Христа, до денес. Црквата таа своја грешка ја призна и ја исправи прифаќајќи ја вистината дека сепак планетите се вртат околу сонцето. Нашите комшии уште не можат да си признаат себе си и на светотот дека Македонците во 20 - ти век извојуваа своја национална држава по победата во антифашистичката војна, по што стапија во федерација со повеќе јужнословенски држави. Како што не можат да си признаат и Македонците дека во Југославија го доживеаја својот најголем процут и напредок низ целата историја. Тоа е период на најголемите дострели и достигнувања во афирмацијата на нацијата во сите сфери на живеење: култура, јазик, наука, образование, економија, развој, стандард, квалитет на живеење, спорт, сигурност и безбедност кои сега се' уште се недостижни по 21 година независност. И како воена и како економска сила и како демократска држава Југославија беше неприкосновен лидер на Балканот, па и малку пошироко во Југоисточна Европа. Тогашните и денешните наши соседи многу се разликуваат во својот однос кон Македонија. Негациите кои беа присутни и тогаш, беа многу потивки и повеќе за сопствени потреби отколку за вознемирување на Југославија, а уште помалку на светот. Тоа ќе останеше така и ако распадот на Југославија се случеше цивилизациски и по мирен пат со заедничка интеграција на сите републки во ЕУ и во НАТО како посебни држави. Како Чешка и Словачка. Тогаш соседите ќе молчеа бидејќи така налагаа интересите на големите сили.
Трагичниот распад на Југославија заврши со војни. Таа крвава разврска го услови признавањето на југословенските републики и го забави нивниот пат кон Европа иако беа далеку пред сите држави на Југоисточна Европа и на политички и на економски план. Проблемот на Македонија и нејзините политички лидери во односите со соседите е во тоа што никако не успеаја да ги измерат новите односи на силите.
Ја нема веќе Југославија. Наместо да изигруваме балканска велесила и да јаваме како Дон Кихот подобро е да го избереме мудриот пат на Санчо Панса и во ветерните мелници да не гледаме непријатели. Време е со искрено испружена рака да почнеме да си бараме пријатели кај комшиите. Тоа можеме успешно да го направиме ако се одмориме од идеологизираната историја која остави пустош во свеста на генерации. Тој опиум конечно мораме да го препуштиме на медицината. Таму е најкорисен. Ако први на Балканот им ја оставиме историјата на историчарите, ако ги има, мислам на вистинските, и соседите ќе можат да ја видат денешната реалност на Република Македонија, македонскиот народ, писмо и јазик. Нека си земат од минатото тоа што мислат дека е нивно ако така се чуствуваат подобро. Ако така ја толкуваат науката. Историјата кога е вистинска наука ги открива кражбите и крадците.
За жал, политичарите за жива глава не ја даваат историјата на науката. Без неа не можат да владеат. Затоа и ЕУ ги постави копенхашките критериуми за добрососедство. Не сака Европа да увезува балкански проблеми, доволни и се нејзините. Кој не го разбира ова не може да стаса до Европа. Само на Балканот е поважно минатото, отколку иднината. Македонија најмногу е таму. |
|
Статијата е прочитана 4053 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 20.09.2012 00:19:27 | Kako Erole da bideme prijateli so sosedite koga tie ja rasparcija Makedonija pa pogolemiot broj od makedoncite se najdoa vo tugi drzavi. Isto kako sto ja rasparcija i Albanija pa ... Isto kako sto ja rasparcija Srbija pa ... Isto kako sto ja rasparcija Bugarija pa ... Zatoa treba da se soberat makedonskite, albanskite, srpskite i bugarskite patrioti i zaedno da se izborat za obedineta Makedonija, Albanija, Srbija i Bugarija, sekoj za svojata. A tuka mozda bi mozele da ni se pridruzat i Romancite I Madjarite. A i rusite, pa meksikancite pa ... |
| pameten, 20.09.2012 00:32:56 | Da ja ostavime istorijata na istoricharite znachi nikoj da ne bide ocenuvan kako predavnik koga ja gleda na istorijata kakva shto bila. Za eden vek ovoj narod prezhivel dvojna tortura Prvo da se otkazhe od Bugarshtinata, potoa da se otkazhe od Makedonstvoto. Mirirkov sfatil deka Bugarska Makedonija za koja shto kako sam pishuval se borela VMRO e nemozhnost i ponudil da se raboti za nov, poseben Makedonski identitet. Tochno e deka Македонците во Југославија го доживеаја својот најголем процут и напредок низ целата историја. No e tochno i deka ovo beshe vreme na voluntaristichna istorija i e vreme narodod da se soochi so vistinata. Taa ne go zagrozuva Makedonskiot identitet, toku samo soochuvanjeto kje go spasi Makedonskiot narod od podelba kakva shto imalo za vreme Vancho Mihajlov i Venko Markovski. |
| Vineam Makedonski, 20.09.2012 00:57:25 | Sto tolku loso imas od makedonskata istorija, sto tolku loso ti napravil ovoj moj Makedonski narod i narodot sto zivee vo Makedonija za da mora da ja zaboravi svojata istorija sto tolku ti e loso vo mojata zemja ta mora sekoj den da plukas vrz nea a taa ti tala mesto za zivot i radost zatoa nemoj ke te molam da mi ja vozdignuvas Jugaslavija bila i pominala a istorijata na Makedoonija i na Makedonskiot narot e vecna i se izucuva vo celiot svet zatoa nemoj ne me moli da ja zaboravam nego pogrizi se da ja vozdigneme do nebesa... |
| demokrat, 20.09.2012 00:58:57 | Jugoslavija demokratska drzava??? |
| jovan, 20.09.2012 01:01:03 | Mozebi ne sme dobri politicari, no sme zilavi. Dali e do genite ili od Makedonskoto gravce-tavce, neznam.Makedonija od damna ima pruzeno raka i na sosedite i na EU, no nekoj od sosedite ne sakaat da postoime pa i se ponasaat kako da ne postoime.Tuka Makedonija ne moze nisto.Velat Makedonija provocirala so istorija.Tocno e, no taa provokacija e prkos bidejki ne sme mokni da vozvratime na nivnite negiranja, pritisoci, zakani i deluvanja. Makedonija ne praka agenti kaj sosedite da haraat i ja potkopuvaat nivnata drzava, a ovde vrie od nivni agenti koj haraat, potkupuvaat i aktivno deluvaat ovaa drzava da propadne. Evropa treba da se zamisli i podobro da pogledne koj e problematicniot na Balkanov. Makedonija, ili onie koj ne mozat Makedonija da ja smislat.Eden den(brzo) ke mora toa da go svatat. Sepak civilizirani se i veruvam ke svatat sto se slucuva ovde. Makedonija e najmalku kriva. Makedonija nisto ne pravi za da unisti nekogo.Makedonija samo se brani so site sredstva, pa i so prkos. |
| analiticar, 20.09.2012 03:42:36 | Vo momentov gi gledam samo komentarite na Itar Peji, Jovan i demokrat. Demokratot sigurno ne ziveel vo SFRJ stom ima takov komentar, a vo toj slucaj so nego e izlisno da se komunicira. A sega do site trojca: za da go razberete ovoj text na Erol, ne e dovolno da go procitate poveke pati, ili podlaboko da razmisluvate za nego. Potrebna Vi e mentalna evolucija. A za toa trebaat mnoooogu godini. |
| USA, 20.09.2012 04:37:48 | Da mi se posoci koja zemja od sosedstvoto, pa i posiroko, ima etnicki politicki partii vo svojata Vlada? Moze da zborime za sozivot i dobrososedstvo, no ajde da ja svrtime rabotata naopaku. Koga ke ima otvoreno deklarirani makedonci (kako partija ili poedinecno), na visoki pozicii kaj zasegnatite sosedi? Ta ne sme sade nie, .......ta ne sme sade tuka |
| Kole, 20.09.2012 04:50:03 | Kole,20.09.2012god.
Gos,Erol sto falese Klimentoviot pravopis sto preko 1000godini go koristese cela IstocnaEvropa.Da potsetam smo sto jas znam,Karadjicata e napravena da se odvoe Hrvackio i Srpskio od Bugarsio i Makedonskio.Blaze Konevskiot da se odvoje Makedonskio od Bugarski.Rezultat od isfrlaneto na HrvackoSrpski toes SrpskoHrvacki se napravi Bosanski i CrnoGorski.Ako se prave Kosovski GoraniTorbesi se nasi dumi.
|
| прашање до Ерол, 20.09.2012 06:44:33 | Како мислиш да се постигне тоа, кога во Македонија, за жал, повеќето се како коментаторите „ демократ “ и „ Јован “ ? |
| Nikola, 20.09.2012 07:29:07 | Европа и САД за историјата на Македониjа - http://bkks.org/forum/index.php/topic,2005.0.html |
| Buntovnik, 20.09.2012 08:00:54 | Erole, mudrosta e ovaa: Podobro dobar komsija od dalek bratuced. |
| Nekoj, 20.09.2012 08:21:44 | G-din Rizaov,vo vasite kolumni , se nekako gi okrivuvate Makedoncite za situacijava.Aj da se vratime malku nanazad, i da se prisetime na edno: koj prv zapocna?Nie li gi negiravme grcite i bugarite i srbite ili albancite?Makredoncite li pocnaa vojna vo hrvatska, bosna kosovo itn.Spored vasata logika, trebalo i nie da pocneme da pukame nekade, pa poleka, poleka da se smiruvame, i taka ke imase podobruvanje na odnosite, kako sto pravat site okolu nas, se bara nevozmoznoto, za da se dobie ona sto se saka, i demek oni popustaat i se dobri sosedi, a nie ne.Malku plitko za vasiot kvalitet. |
| citatel, 20.09.2012 08:23:29 | Bravo za kolumnata , no zazal , ne samo politiocarite , nitu pogolemiot del od narodot ne saka da ja prifati realnosta.Taka e koga narodot zaglavil vo minatoto kako so istorijata , taka i so nacinot na razmisluvanje |
| od ostrijot, 20.09.2012 08:55:52 | nee bas taka erole nekogasnite mudri luge ili patrijoti lesno go prodale prijatelstvoto na komsijite
a stose lesno prodava tesko se kupuva zatoa sme denes na toa deredze. |
| Demokratot bil mal pa ne znae, 20.09.2012 09:15:31 | Demokrat , ili si mlad pa ne znaes ili zbopruvas zainaet.Jugoslavija se dodeka ne se pojavija nacional-sovinistickite procesi , koi dovedoja do raspad bese zemja so medjunaroden ugled , najsilna na Balkanot i vo nea se ziveese daleku podobro otkolku vo site istocni zemji , pa i od Grcija. Papandreu ( stariot) koga drzel predizborni govori rekol,: Glasajte za mene ce ve napravam da ziveete kako Jugoslovenite.Nikoj od sosedite togas ne smeese da otvoreno da ne negira , a jugoslovenskiot pasos vredese kako svajcarskiot. Vo site zemji vo Evropa patuvavme bez vizi.Skolstvoto i zdravstvoto bese besplatn o i 90% od ludjeto podobro ziveeja. Nemase vakva korupcija i istata strogo se kaznuvase.Najgolem procent na ludjeto bea vo srednata klasa , koja eve sega kaj nas e potpolno izceznata i ima eden mal broj traciciski oligarsi i ogromen broj koj se borat sekoj mesec da preziveat a 32% nemaat sredstva i da preziveat( gladuvaat i se smrznuvaat)A sto mislis, dali sega sme demokratska zemja? |
| Patrioti, bidete realni i imajte barem malku oset, 20.09.2012 09:37:58 | Namesto sila, poseduvame siledziski vokabular. Koga ne od drugata strana pritisnat, grchime raminja i se pravdame so nashata malenkost, nemoc i nesposobnost, demek bezopasni sme! Ako sme taka bezopasni, a sme, shto togaj i na Boga dosaduvame so toj Ace, Solun ili Bukuresht-1913, pa i red drugi raboti. Zoshto *ch,chkame mechku* i si go barame zloto? Za da Makedonija bide cela (pod nasha vlast), neophodno e da poseduvame ekonomska i voena sila kako USA, a ne nekakva pravdina. Pravdata e silata/mocta, seto drugo e relativno i se primenuva tokmu vo soglasnost so silata. A poshto sila nemame, bi bilo mudro da si cutime i da se uporno nametnuvame kako prijateli, namesto da lupetame i provocirame. Vlezot vo EU ni e najdobroto reshenie za mnogu problemi, za Egej i Pirin edinstveno. E zatoa treba da se drzime do Evropa kako pijan za plot, a ne da barame patishta na istok ili nekade vo svemirot. I onaka sme zagubeni! |
| Pero, 20.09.2012 10:09:27 | Da go kazese ova nekoj lider na partija - kje glasav za nego so dvete race na narednite izbori.
Steta sto nemame vakvi vizioneri vo politikata. |
| До Демократ, 20.09.2012 10:32:11 | Ако се потшишуваш како Демократ треба и внимателно да читаш, а не само да се чудиш „Југославија демократска држава“. Авторот вели дека „Југославија и како воена и економска и демократска држава била неприкосновен лидер на Балканот, па и малку пошироко во Југоисточна Европа“. Е, па сега ако ја споредиш со Бугарија, Албанија, Романија, Грција и Турција, па ако одиш и малку пошироко тогаш со Унгарија, Русија, Источна Германија, Полска, Чехословачка... ке видиш дека Југославија беше далеку пред сите нив. Запад го употребуваше терминот Источна Европа и Југославија, секогаш одделно за да се направи разлика.
Читај бе малку, инаку без знаење тешко се станува демократ. Тоа место е резервирано за патриоти. |
| penzionerka, 20.09.2012 10:34:03 | od demokrati kako demokrat boli glava i sme na ova deregje,a inaetot ili prkosot ne e dobra osobina osobeno ako e bessmislen,neli Jovane? |
| Orde, 20.09.2012 13:13:06 | Споредете ги другите статии колку се прочитани, во споредба со статиите на Ерол, па ќе ви биди јасно колку се вре��ни неговите зборови. Затоа ве замолувам да се воздржите од негативни критики кон авторот. |
| Replika od demokrat, 20.09.2012 14:10:51 | Ne znam od kade taa potreba da se koristi poznatata izreka ,,sto pati izgovorenata laga stanuva vistina,,. Jugoslavija imase mnogu pozitivni npr. zdravstvoto no i mnogu negativni raboti npr. politickata diktatura koja drzavata nikako ne moze da ja pretstavi kako demokratska. Demokratijata dragi moi sokomentatori se tolkuva na dva nacina. Vo potesen smisol na zborot taa znaci: 1. Slobodni demokratski izbori koi vo Jugoslavija gi nemase, 2. Sloboda na govorot koj vo Jugoslavija go nemase, i 3. Podelba na vlasta na zakonodavna, izvrsna i sudska koja vo Jugoslavija ja imase samo na hartija. Pred da replicirate ostavete gi emociite na strana, procitajte troa poveke i ne zboruvajte napamet.
|
| replika od demokrat, 20.09.2012 14:32:26 | Ne znam od kade doaga potrebata da se koristi izrekata sto pati povtorena laga stanuva vistina. Jugoslavija imase mnogu pozitivni raboti npr. zdravstvoto, no i mnogu negatovni npr. politickata diktatura koja drzavata nikako ne moze da ja pretstavi kako demokratska. Demokratijata dragi moi sokomentatori se tolkuva na dva nacina. Vo potesen smisol na zborot taa znaci: 1. Slobodni demokratski izbori koi vo Jugoslavija gi nemase, 2. Sloboda na govorot i javnoto iznazuvanje koi vo Jugoslavija gi nemase, 3. Podelba na vlasta na zakonodavna, izvrsna u sudska koja vo Jugoslavija ja imase sqmo na hartija. Zatoa takva drzava ne se vbrojuva vo demokratskite, a toa koj kako ziveel e sosema druga tema. PS Pred da replicirate ostavete gi emociite na strana, procitajte troa poveke i ne zboruvajte napamet. |
| ФЕЛИКС, 20.09.2012 15:38:33 | Така е г-дине Ризаов,кога неможе да се избере сосед мајката му е пријател.Па така некои станаа познати по избирање ,,големи пријатели,,.Па имаме амфорско-доларски пријател,кој така пријателски сака да не постои како Македонци,по сите нишани.Па имаме ,,пријател,,кој не признава како Македонци,ама да сме ти биле ,,цутот на Блгарштината,,Па така нивниот експонент тука го наградија со државјанство.Имаме и ,,пријатели,, од православен тип кој по ништо не заостанува зад предходните двајца.Имаме и ,,пријател,,кој мерка така под око,како да дел од територијата на која мнозинството се негови соплеменеци да го припои кон нешто големо.А имаме и домашни,,пријатели,, кој одработуваат за надворешните ,,пријатели,,и нормално да за сето ова ,,пријателство,,сме ти биле виновни самите.Можеби на оние пациенти од неонатологија сето ова им е неразбирливо,но тоа е тоа. |
| do Erol i pameten, 20.09.2012 16:46:07 | E ne moze sosedite da ni zemaat sto sakaat za da se cuvstvuvale podobro.Toa sto ne e nivno ne moze da go zemaat,pa neka ne se cuvstvuvaat podobro.Nivni problem.Se pokazuva deka sosedite imaat siromasna istorija,pa sakaat od nas nesto da ukradat.Vo starite dokumenti od 17 vek vo Vatikan pisuva deka i togas imalo etnicki Makedonci so makedonski jazik.Od 18 vek ima dokument vo Kiev kade sto isto taka pisuva za Makedoncite i makedonskiot jazik.Ima dokumenti od 19 vek vo Turcija i Rusija kade sto pisuva za Makedoncite i makedonskiot jazik.Dokumentite od Rusija gi donese ruskiot minister Lavrov koga dojde vo Makedonija.Znaci koga i Misirkov ne bil roden si postoela makedonstinata.Misirkov ja prifatil realnosta deka negovite predci bile Makedonci i zatoa i toj pisuval deka e Makedonec. |
| objektiven, 20.09.2012 17:41:32 | Do Demokrat, ubo kazuvas no nesto ne mi e jasno.Sto e toa demokratija i kade ja ima? Vo praksa. Kolku jas mozam da vidam toa e samo utopija, na hartija.Dali e demokratija, svez primer, ako vo drzava so glasacko telo od 100.000.000 imame 20000 lugje koi pravat neredi bidejki nesto ne im e po kef?Rusija denes, neli.Na zapad vednas se komentira deka nema demokratija,a mene toa mi lici na anarhija, sekako vospostavena od 20000.Guglaat veke na golemo.Sto se toa slobodni demokratski izbori?USA pri izborot na Klinton i Bush? Sto e sloboda na govorot?Vo USA Fam.Kenedi,ML King ,Trumanovo vreme so McCarthy zakonite ,Wall Street denovive?Ne znam,ne mi e jasno.Mozebi David Kelly vo GB (gjoa lulka na demokratijata)ili Ledi Di?!A podelbata na vlasta vo ovie *lulki* e isto taka samo na hartija, bidejki se e vo fun-ja na nekogo i sekogas so dvojni standardi, za nekogo majka za drug makea.Taka da denesnive *urneci* za demokratija koi ni se prikazuvaat kako model, se samo edna parodija ili tragikomedij |
| До тој што се обраќа до Ерол идо Паметен, 20.09.2012 19:10:08 | За жал не си ја разбрал поентата. Реченицата „Нека си земат тоа што мислат дека е нивно ако така се чуствуваат поубаво и ако така ја толкуваат науката.“ Тоа е убава шлаканица на сите што присвојуваат туѓа историја.Веднаш потоа следува реченицата „Историјата кога е вистинска наука ги открива кражбите и крадците“.Со тоа е многу кажано ако има кој да разбере... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 13°C
Обилни врнежи
|
Сабота
Грмотевици со дожд
Макс: 19°C, Мин: 9°C
|
Недела
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (36)Tито во дилема дали да се разведе од Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|