27.10.2012, 10:49 ДПА ќе настапи самостојно на локалните избори
Раководството на партијата на синоќешната седница во Тетово го поништи техничкиот договор со СДСМ за соработка на претстојните избори
Централното претседателство на ДПА на синоќешната седница во партиското седиште во Тетово го поништи техничкиот договор што го имале со СДСМ за соработка на претстојните локални избори, поврдија денеска од партијата.
Според претседателот на ДПА Мендух Тачи до поништувањето на договорот со СДСМ доаѓа поради нивниот несериозен однос со проблематизирањето на подршката на СДСМ за кандидатот на ДПА за Струга.
- Техничкиот договор беше многу точен и конкретен. Тие се обврзаа да ги поддржат кандидатите на ДПА во општините каде Албанците се мнозинство, а ние се обврзавме да ги подржиме нивните кандидати во општините со мнозинско македонско население. Нивните вчерашни изјави дека тие би сакале да разговараат за сите општини во Македонија вклучително и за Кичево ги сметам за тотално несериозни. Ако би бил несериозен како нив би ги прашал дали се сложуваат за Штип или Струмица кандидатот да го има ДПА. Оваа работа е дефинитивна и веќе нема да има ни разговори ни преговори, изјави Тачи.
Лидерот на ДПА најави дека нема да коалицираат со партиите на Руфи Османи и Имер Селмани и оти на локалните избори ќе одат самостојно.
- Мислам дека тие се многу поблиску до соработка со СДСМ. Се повторува 2011 година кога Црвенковски го сметаше Селмани за многу сериозен политички чинител и го носеше на лидерски средби и други состаноци, рече Тачи.
На синоќешната седница централното претседателство на ДПА го избра актуелниот пратеник и секретар за организирање Беким Фазлиу како шеф на изборниот штаб на партијата за претстојните локални избори. |
|
Статијата е прочитана 1223 пати.
|
Испрати коментар
|
|
ФЕЛИКС, 27.10.2012 18:44:30 | очекувана разврска кога политички договори се прават по бензински пумпи.Рок на траење на вакво ��оговарање е најповеќе две недели,толку колку што се трајни цените на горивата.По мене требаше во друг амбиент да биде потпишувањето на договорот за тој да трае.Па така на пример можеа во Маврово,односно на Мавровската брана да се договорат и го потпишат.Ем амбиентот цврст и грамаден ем нискиот доток на води е во корелација на нивниот политички рејтинг. |
| evro-makedonec, 27.10.2012 20:19:20 | na izbori DPA 0 pratenici |
| девичанецот, 27.10.2012 20:46:37 | На ред е, а и корисно би било за неа и ЛДП навремено да излезе од оваа коалиција. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 16°C
Обилни врнежи
|
Недела
Обилни врнежи
Макс: 22°C, Мин: 8°C
|
П��неделник
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 2°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (37)Власта никогаш не е доволна. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|